• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Писмо со совети за животот од мајка која почина од рак

28 мај 2013, 19:35
  • cподели

Енмари Џејмс-Томас е храбра мајка на четири деца која ја загуби битката со рак на грлото на матката, но пред да го напушти овој свет, остави 20 совети за среќен живот за своето семејство и пријателите.

Пред две години, 44-годишната Британка дознала дека има рак на грлото на матката. На почетокот таа и нејзиниот сопруг ја сокриле ужасната вест од своите четири деца. Одбивајќи ги конвенционалните методи за лекување, Енмари отпатувала во САД со цел да пронајде нови начини за лекување на туморот. Но, подоцна се вратила во специјализирана болница во Кардиф за да започне со конвенционална терапија.

Енмари Џејмс-Томас Енмари Џејмс-Томас

За жал, болеста не се повлекла. Па, кога дознала дека не ѝ преостанува многу време, Енмари напишала животен план за најблиските.

„Многу сум благодарна за сè во животот. Задоволна сум од тоа каква личност сум. Благодарна сум за мојот сопруг кој исто така е на ова патување. Сам можеш да постигнеш многу нешта, но како двајца можеме да постигнеме сè. Благодарна сум за моите деца – колку само ми го збогатија животот. Сигурна сум дека ќе бев поинаква личност без нив. Да си благословен со едно дете е навистина прекрасно, но да си избран од четири од најубавите души е чудо и најубавиот благослов на кој некој може да се надева. Почестена сум што ги познавам“ – напишала таа.

Децата на Енмари и ГерајнтДецата на Енмари и Герајнт

Нејзиниот сопруг Герајнт ја открил содржината на писмото на денот кога Енмари требало да го прослави 45-тиот роденден.

  1. Она што го даваш, секогаш ти се враќа – без разлика на сè.
  2. Ти го дефинираш сопственото сценарио. Не дозволувај другите да го пишуваат сценариото за тебе.
  3. Што и да ти направил некој во минатото, тоа нема влијание во сегашноста. Освен ако ти не му дадеш моќ.
  4. Кога луѓето ќе ти покажат кои се навистина, верувај им првиот пат.
  5. Тревожењето е губење време. Искористи ја истата енергија за да преземеш нешто во врска со она што те загрижува.
  6. Она во што веруваш има поголема моќ од она за кое сонуваш, кое го посакуваш или за кое се надеваш. Ти стануваш она во коешто веруваш.
  7. Ако единствената молитва која ја кажуваш е „Ти благодарам“, тогаш тоа е доволно.
  8. Среќата која ја чувствуваш е директно пропорционална на љубовта која ја даваш.
  9. Неуспехот е показател кој ќе те насочи во друга насока.
  10. Ако направиш избор кој е спротивен од она што сите други го мислат, светот нема да се распадне.
  11. Верувај им на своите инстинкти. Интуицијата не лаже.
  12. Сакај се себеси, а потоа научи да ја прошириш таа љубов кон другите при секоја средба.
  13. Дозволи ѝ на страста да раководи со твојата професија.
  14. Љубовта не боли. Таа прави да се чувствуваш навистина убаво.
  15. Секој ден носи шанса да започнеш одново.
  16. Сомнежот значи „немој“. Немој да одговараш. Немој да брзаш напред.
  17. Кога не знаеш што да правиш, мирувај. Одговорот ќе дојде.
  18. Неволјите не траат вечно.
  19. И ова ќе помине.
  20. Ќе постапувам со намера да бидам доследен на себеси.

Енмари Џејмс-Томас

Tags
инспиративни совети

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.