• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Писмо на лекарите до ЕУ: Погрешно е да ги изедначувате алтернативните производи без чад со традиционалните цигари

18 мај 2026, 15:02
  • cподели

Експертите го повикуваат Брисел да усвои регулатива заснована на научни докази за тутунските производи

Група од 26 научници и медицински експерти од 16 европски земји испратија отворено писмо до европските институции, вклучувајќи ги и Европската комисија (ЕК) и Европскиот парламент (ЕП), изразувајќи сериозна загриженост за насоката во која се развива политиката за регулирање на тутунските и никотинските производи во рамки на Европската Унија. Ова писмо тие го поткрепија со материјал што вклучува 130 научни студии.

ЕУ

Причина за нивната реакција е најновиот извештај на Европската комисија, за кој потписниците на писмото тврдат дека игнорира обемни научни докази кои покажуваат дека производите со никотин без чад се помалку штетни од традиционалните цигари. Како што наведуваат во писмото, клучниот проблем лежи во пристапот што целосно ги изедначува производите со никотин без чад со цигарите, односно дека тие имаат ист ризик за јавното здравје, иако ова тврдење не е поткрепено со научни докази.

Експертите ја истакнуваат и пошироката стратешка цел на ЕУ, создавање генерација без тутун до 2040 година, предупредувајќи дека погрешниот регулаторен пристап кон ова прашање може да има спротивен ефект. Притоа, тие нагласуваат дека ниту еден сериозен научник не тврди дека уредите за загревање тутун, никотинските ќесички и електронските цигари се безопасни.

Овие производи не се без ризик и не треба да ги користат малолетници. Но, исто така е погрешно да се имплицира дека се подеднакво опасни како пушењето и така да се регулираат со закон. Доколку Брисел донесе регулативи врз основа на претпоставката дека сите производи што содржат никотин се во суштина исти, постои ризик да се поттикне пушењето, наместо да се намали - оценуваат авторите.

Главниот аргумент во писмото е разликата помеѓу никотинот и горењето тутун. Како што истакнуваат авторите, цигарите се штетни токму поради процесот на согорување на тутунот, кој притоа произведува токсични супстанции кои се причина за големиот број болести поврзани со пушењето.

Никотинот сам по себе не е главна причина за рак, кардиоваскуларни и белодробни заболувања, како и предвремена смрт, туку тоа се супстанците од согорувањето. Изедначувањето на никотинот со чадот од цигарите не е мала техничка грешка, туку пристап што ја заведува јавноста и води кон креирање лоши јавни политики – пишува во писмото.

ЕУ

Авторите нагласуваат дека основното прашање не е дали алтернативните производи без чад се без ризик, туку дали се повеќе или помалку штетни од продолжувањето на пушењето традиционални цигари. Притоа, авторите потсетуваат дека токму ваков компаративен пристап веќе е побаран од Европскиот парламент во неговата резолуција за борбата против ракот од 2022 година и предупредуваат дека оценувањето на производите без чад само во однос на целосното откажување од пушењето би било отстапување од таа рамка.

Посебен акцент авторите ставаат на реалното однесување на корисниците. За многу возрасни корисници, реална алтернатива не е целосната апстиненција, туку продолжување на пушењето со некаква алтернатива на традиционалните цигари. Притоа, авторите велат дека доколку Брисел ги оценува алтернативните производи само во однос на пристапот „не користење на ништо што содржи никотин“, тогаш прави голема грешка.

Најнови

  • ЕУ

    Писмо на лекарите до ЕУ: Погрешно е да ги изедначувате алтернативните производи без чад со традиционалните цигари

    Mon, 05/18/2026 - 15:02
  • Претера

    Дупер и Јанг Дади со нов хит: Македонските музичари во бокс ринг за девојка во спотот за „Претера“

    Mon, 05/18/2026 - 15:00
  • Нина Ангеловска

    „Ништо случајно“: Нина Ангеловска со прва книга за бизнисот, политиката, мајчинството и личните пресврти

    Mon, 05/18/2026 - 14:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.