• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ова е сквернавење на вечното почивалиште на Никола Карев“: Бурни реакции по изнајмувањето на Македониумот за спот на косовски рапер

30 септември 2026, 13:48
  • cподели

Нов музички спот на косовскиот рапер Дон Џони предизвика бурни реакции во јавноста откако дел од видеото беше снимен во „Македониумот“ во Крушево.

Споменичкиот комплекс бил изнајмен за само 500 евра, а во него се направени дел од кадрите за видеозаписот за песната насловена „Секси мама“. Видеото досега има собрано повеќе од 4,3 милиони прегледи.

Токму сцените снимени во Крушево предизвикаа низа коментари на социјалните мрежи, при што дел од граѓаните остро реагираа на изнајмувањето на локацијата за вакви цели.

Во продолжение пренесуваме дел од објавите:

Ана Бунтеска

„Бараме почит однадвор, додека сами си го сквернавиме симболот кој ја претставува нашата историја. Македониумот е повеќе од објект, а некој (во име на цела нација) одлучил дека може да ја шитне неговата суштина за пари. И ич не е важно во случајов дали се 500 или 5 милиони евра. Некои работи не се рентаат...а најмалку од сè, националното достоинство. Арам!“

Славјанка Петровска

„За 500 евра го продадовте достоинството на загинатиот претседател на Крушевската Република. Очигледно, за власта на ДПМНЕ ништо не е свето. Се е бизнис и се има цена макар таа да е само 500 евра. „Македониум“ не е обичен објект. Тој е симбол на Крушево, на Илинден и на жртвата на оние што ги положиле животите за Македонија. Барем некој од партиските кадри да почувствуваше морална одговорност и да поднесеше оставка. Брука❗️“

Огнен Чанчаревиќ

„'Македониум'. Моштите на Никола Карев.
Постои ли за вас нешто свето?“

Тамара Тодевска

Едина Муса

Диџеј Мац

Божидар Божиновски

„Косовски пејач снимал спот во Македониумот”

Многу ме интересира текот на мислата на тој шо одобрил ова.

Добро, значи во Македониумот сака да снима спот за „Секси мама”. По насловот сигурно е класична композиција која го испитува едиповиот комплекс преку светогледот на Фројд, што е сосема амбиентално и шо да не, нешто ко Виенски концерт. Побарај му 700 евра. Ако не и за 500, шо ионака седи така, не ќе го изеди. И види дали можи да се адаптира нешто за трговски, нешто базар, клуб. Вака мртов капитал ни е. Цар сум упм, само кај е за овој народ нешто да напрајш…

Боби Илиевски 

„Косовски рапер Дон Џони за 500 евра го изнајмил и снима спот во Македониумот.

'Патриоти' што е ова.

Како тргнале ќе организираат и 10 дена раперска република.“

Ина Многуфина

Им пишав меил на Музеј Крушево да ми го дадат Македониум да славам роденден под исти услови како на раперон за 500 евра што мислите ќе ми одговарат 😁 pic.twitter.com/9ausURkRL7

— Aleksandar (@saleskopski) September 29, 2026

„Македониумот“, односно споменичкиот комплекс „Илинден“, не е само препознатлива архитектонска градба. Тоа е меморијален простор поврзан со историските борби за слобода и државност. Автори на комплексот се Јордан и Искра Грабул, а тој е отворен на 2 август 1974 година.

Спотот за „Секси мама“

Tags
Македониум

Најнови

  • Талентираната Ивана наслика прекрасна илустрација која ги пречекува патниците на охридскиот аеродром

    Wed, 09/30/2026 - 22:40
  • Тања Кочовска

    Тања Кочовска во свој стил со хумористична објава за годишнината од бракот

    Wed, 09/30/2026 - 13:55
  • „Ова е сквернавење на вечното почивалиште на Никола Карев“: Бурни реакции по изнајмувањето на Македониумот за спот на косовски рапер

    Wed, 09/30/2026 - 13:48
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.