• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Отварање на Наградата за социјално претприемништво 2019 по петти пат

15 март 2019, 13:01
  • cподели

Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој официјално по петти пат беше отворен натпреварот за избор на најдобро иновативно решение во сферата на социјалното претприемништво „Награда за социјално претприемништво 2019“ (Social Impact Award 2019) наменето за студенти и млади од Македонија.

Оваа награда се доделува во повеќе од 20 земји ширум светот со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub. Годинава по петти пат се организира и во Македонија од страна на Бизнис Импакт Лаб, поддржана од Шпаркасе Банка Македонија, Фонд за иновации и технолошки развој и Пакомак.

Награда за социјално претприемништво 2019

„Натреварот за социјално претприемништво е одлична шанса за младите и студентите од земјата да понудат идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваме секој ден, а воедно и да се поттикнат да почнат да размислуваат за создавање на сопствени социјални бизниси и креирање на свое работно место“, изјави Симона Станковиќ, координатор на наградата во Македонија.

Награда за социјално претприемништво 2019

„Шпаркасе Банка Македонија веќе 5-та година по ред ја поддржува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), што всушност се покажа и како успешен проект кој веќе има и видливи резултати, односно старт-ап компании со кои можеме да се гордееме. Поддршката која ја даваме за овој проект покрај финансиски дел кој се користи за наградите за трите најдобри бизнис идеи, опфаќа и менторска поддршка која се дава во текот на инкубацискиот период. Од минатата година ја започнавме и специјалната програма „Чекор по чекор“, која им овозможува пристап до потребните финансиски средства за понатамошен развој на младите стартапи“, изјави Владимир Кечовски, Директор на Дирекцијата за микро клиенти во Шпаркасе Банка Македонија.

За најдобрите три (3) решенија во областа на социјалните бизниси Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од по 2.000 евра за секој од нив. Покрај наградите, за најдобрите тимови обезбедено е присуство на СИА Самитот кој оваа година ќе се одржи во Киев, три месеци период на инкубација со менторство и поддршка во развивање на идејата.

Конкурсот за Наградата во Македонија ќе биде отворен во периодот од март до мај 2019 година во чии рамки ќе се одржат и бесплатни работилници за развој на бизнис идеја и бизнис модели во социјалното претприемништво во Скопје, Битола, Штип и Струмица.

Повеќе информации за „Наградата за социјално претприемништво 2019“ и за начинот на аплицирање ќе најдете на www.socialimpactaward.mk

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.