• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Откриен идентитетот на жената која пукаше во домот на Ријана, пејачката го напушти Лос Анџелес

10 март 2026, 10:45
  • cподели

Полицијата го откри идентитетот на жената која пукаше кон луксузниот дом на Ријана во Лос Анџелес.

Осомничената е 35-годишната Ивана Ортиз од Флорида, која сега се соочува со обвинение за обид за убиство.

Инцидентот се случи во неделата попладне кога од автомобил „Тесла“ биле испукани околу десет куршуми кон куќата на пејачката. Во моментот на нападот, Ријана била во куќата во која живее со својот партнер Ејсап Роки и нивните три деца Риза, Рајот и Роки.

Ивана побегнала од местото на настанот веднаш по пукањето, но благодарение на снимките од безбедносните камери и описот на возилото, полицијата успеала да ја лоцира и уапси.

Американските медиуми објавија дека таа претходно имала проблеми со законот, вклучувајќи апсења за семејно насилство и прекршување на услови од претходни судски постапки.

Само еден ден по инцидентот, Ријана беше забележана како го напушта Лос Анџелес со приватен авион. Не е познато дали заминувањето е директно поврзано со нападот или станува збор за претходно планирано патување.

Извори блиски до пејачката велат дека таа е „многу вознемирена, но благодарна што сите се безбедни“ и дека веднаш презела дополнителни безбедносни мерки за да го заштити семејството.

Полицијата продолжува со истрагата за да го утврди мотивот на нападот. Ријана не можела да разбере зошто нејзиниот дом бил мета на осомничената.

Tags
Ријана

Најнови

  • Гест за почит: Цвеќар од Врање ги израдува храбрите пациентки на онкологија на Денот на жената

    Tue, 03/10/2026 - 12:24
  • Христина Младенов со семејството

    „На првиот роденден наместо торта, Тара примаше хемотерапија“: Христина за ракот на ќеркичката и мајчинството

    Tue, 03/10/2026 - 11:00
  • Откриен идентитетот на жената која пукаше во домот на Ријана, пејачката го напушти Лос Анџелес

    Tue, 03/10/2026 - 10:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.