• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Пукотници кон луксузниот дом на Ријана во Лос Анџелес: Пејачката била дома кога жена испукала повеќе куршуми

9 март 2026, 11:10
  • cподели

Драматичен инцидент се случи вчера кога жена испукала повеќе куршуми кон домот на Ријана во луксузната населба Беверли Крест во Лос Анџелес.

Според полицијата, нападот бил пријавен околу 13:15 часот по локално време, кога осомничената од автомобил почнала да пука кон куќата на пејачката. Станува збор за 30-годишна жена која подоцна била уапсена без отпор, а полицијата го пронашла и оружјето.

Како што пренесуваат американските медиуми, жената користела пушка и испукала околу десетина куршуми од возило „Тесла“ паркирано наспроти куќата. Најмалку еден од куршумите го пробил ѕидот на куќата.

Во моментот на инцидентот, Ријана била во домот во кој живее со својот партнер Ејсап Роки и нивните три деца Риза, Рајот и Роки, но нема информации дали некој од нив бил дома заедно со пејачката.

Ријана Ријана

За среќа, никој не бил повреден во нападот.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека случајот го истражува елитната единица за грабежи и убиства, додека мотивот за нападот засега не е познат.

Ејсап Роки со синчето во домот кој беше нападнат
Tags
Ријана

Најнови

  • Месечен хороскоп – МАЈ, 2026

    Fri, 05/01/2026 - 16:18
  • Ултра сексапилна: Северина во кратко разголено црно фустанче на роденденот на стилистката Карла Каиќ

    Thu, 04/30/2026 - 13:35
  • Марјан Бебекоски

    Корсети и пердуви, а кафеавата е хит боја: Модниот дизајнер Бебекоски ни ги открива матурските трендови

    Thu, 04/30/2026 - 12:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.