„Останаа имиња што премногу рано станаа спомени“: Потресни стихови на Пере за „утрото што не дојде“
Годишнината од трагедијата што ја зави државата во црно го поттикна познатиот музичар Никола Перевски да ги преточи колективната тага и немоќ во зборови.
Неговата поема, насловена „Утрото што не дојде“, е потресен потсетник за кревкоста на животот, за прекинатите младости и за празнината што остана зад нив.
Низ моќни и искрени стихови, Пере ни остава спомен за една ноќ по која ништо повеќе не е исто.
Утрото што не дојде
Ноќта почна како и секоја друга.
Гласна музика,млади лица.
Ништо не најавуваше дека утрото
ќе мириса на изгорено дрво
и на нешто што не се враќа.Така најчесто работи несреќата.
Влегува без најава
и остава цел град
да живее со нешто
што не знае како да го изговори.Во Кочани останаа чевли
што никој не ги облече повторно,
чаши што никој не ги допи
и имиња што премногу рано
станаа спомени.Една година помина.
А државата сè уште оди побавно,
како човек што носи вина
и не знае каде да ја остави.Таму каде што ДНК свиреше за живот,
сега стои спомен што не пее.
Само потсетува
колку лесно една ноќ
може да ти го земе
утрешниот ден.Од некои ноќи, ни утрото не знае да се врати.
Никола Перевски