• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Општината е огледало на луѓето кои живеат во неа

12 март 2020, 11:10
  • cподели

Што правиме, тоа и ќе ни се врати! Како се однесуваме кон животната средина - таква и таа ќе биде. Општината во која живееме е одраз на нивото на култура на нејзините жители. И сè додека кога нашите деца ќе фрлаат хартија од штотуку изедено чоколадо на улица, а ние нема да ги опоменеме и да го подигнеме отпадот, местото на живеење нема да биде чисто. Кога ќесите со ѓубре ќе ги оставаме каде ќе стигнеме бидејќи нè мрзи да отидеме до најблискиот контејнер, и другите ќе не доживуваат како неодговорни граѓани кои недоволно ги сакаат своето маало и роден град. Лесно е да се коментира колку е нечист градот, но понекогаш треба да се размисли и како да се придонесе за тој да биде чист.

Рециклирање

Некoј ќе рече: „за хигиената треба институциите да се грижат, па зошто плаќаме комунална такса?“. Да, тоа е така, но институциите не можат да исчистат онолку колку што луѓето можат да извалкаат. Друг ќе искоментира дека ситуацијата е таква бидејќи низ градот поминуваат многу дојденци, кои се со недостаток на емоција и страст кон него како место на живеење. Но, независно кој од каде доаѓа, сите ние живееме тука, го дишеме истиот воздух, ги пешачиме истите улици, ја гледаме истата глетка. А зошто сè да не биде поинаку? Па и мора, бидејќи ако вака продолжиме со тек на време ќе се загушиме во ѓубрето. Скопје е сè позагадено, понечисто и станува неподносливо.

Сите сме одговорни за она што ни се случува, и треба да реагираме со поставување на пример за останатите. Дали знаете дека на едно парче хартија му е потребно 6 месеци за да се разгради, на отпушок од цигари 2-5 години, на пластична кеса за пазарење 10-30 години, на гума за џвакање 20-25 години, додека пак на алуминиумска лименка 200-400 години? Дека отпадот и додека се разградува пушта отрови во почвата, кои потоа испаруваат и сите ние ги дишеме? Нашиот главен град е еден од најзагадените градови во Европа, тоа е вистината. И токму поради тоа потребни се промени!

Потребно е во секоја општина да има посебни контејнери за различен амбалажен отпад, посебно за ПЕТ, хартија, лименки и стакло, да бидат обезбедени специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Секој граѓанин да го селектира отпадот, и да не фрламе ѓубре на улица. Кога купуваме производи да внимаваме на нив да го има знакчето green dot, кое потврдува дека производителот ги почитува еколошките закони и плаќа надомест. Во спротивно ќе се претвориме во огромно ѓубриште!

Рециклирање

Компанијата за одложување и рециклирање на амбалажен отпад, Пакомак, повикува на одговорност и свесност за заедницата и околината во која живееме. Тие поставуваат контејнери за одложување на одложување на стакло, картон, пластика и секаков амбалажен отпад, а нив можете да ги најдете секаде низ градот – по тротоарите, по супермаркетите, паркинзите и трговските центри. Целта на овие контејнери не е само да го собираат ѓубрето, туку и да нè потсетат дека е наша обврска тоа да биде сместено на вистинското место, а не насекаде низ градот. Рециклирањето е само уште еден чекор во борбата за почиста животна средина, со тоа што овозможува неколкукратна ре-употреба на голем дел од материјалите, а тоа придонесува кон намалување на производниот отпад и заштеда на залихите од природата. Така што, нареден пат кога ќе помислите дека сакате да живеете во чиста и здрава околина, потсетете се дека промената почнува токму од вас! Направете го она што е правилно – однесувајте се одговорно према природата, према околината и вашата општина – најдете го контејнерот со знакот на Пакомак или симболот green dot и рециклирајте го ѓубрето. Бидејќи општината е огледало на луѓето кои живеат во неа!

Комерцијален текст

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.