• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

O'Plant Day – ден посветен на енергијата, балансот и уживањето во природата

5 јуни 2026, 12:19
  • cподели
 O'Plant Day

Во сабота, на 6 јуни, од 11:00 до 14:00 часот, во прекрасниот амбиент на Grizzly Igloos на езерото Козјак, брендот O'Plant и компанијата Подравка ве покануваат на O'Plant Day – уникатен настан посветен на движењето, здравата исхрана и балансираниот животен стил.

Под мотото „Енергија. Баланс. Релаксација.“, посетителите ќе имаат можност да поминат низ три тематски зони и да уживаат во бројни интерактивни активности, дегустации и забавни предизвици инспирирани од вредностите на брендот O'Plant.

Во O’Plant Energy зоната посетителите ќе можат да ја тестираат својата енергија преку забавни предизвици со Даниел Трбогазов (mojtrener.mk), интерактивна вендинг машина и специјалeн „Bike & Blend” предизвик со велосипеди со блендери за подготовка на освежителни O'Plant напитоци. Присутните ќе ги забавуваат „Ana & The Girls“.

Во O’Plant Balance зоната, заедно со фитнес инструкторката Кети Фит, ќе се одржат пилатес и баланс сесии на отворено, проследени со инспиративни идеи за здрави оброци и дегустација на производи од O'Plant асортиманот.

За оние кои сакаат да уживаат во природата и добрата атмосфера, O’Plant Relax зоната ќе понуди музика од диџеј, дружење, освежителни O'Plant производи и незаборавен поглед кон езерото Козјак.

Посетителите ќе имаат можност да освојат и бројни O'Plant подароци преку забавни активности и предизвици во текот на настанот.

Преку O'Plant Day, компанијата Подравка сака да покаже дека здравите навики не мора да бидат комплицирани – тие можат да бидат забавни и лесно вклопени во секојдневниот живот.

Ги покануваме сите љубители на активниот животен стил, природата и добрата енергија да ни се придружат во Grizzly Igloos на езерото Козјак и заедно да создадеме ден исполнет со движење, баланс и уживање. Влезот е слободен.

Tags
O'Plant Day

Најнови

  • Дијана

    Последната желба на Дијана била да подари 1.000 книги, ќе стопли илјада срца на настан во Скопје

    Sat, 06/06/2026 - 09:50
  • И покрај светската слава, не заборави од каде потекнува: Диџејот Махмут Орхан приреди забава во родното село во Турција

    Fri, 06/05/2026 - 21:21
  • dm

    На Светскиот ден на животната средина, dm потсетува: малите зелени избори прават голема разлика

    Fri, 06/05/2026 - 15:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.