Олимпијката Јута Лердам со моќна порака по освојувањето злато и сребро на ЗОИ: „Цел живот ме осудуваа за шминката“
Јута Лердам со моќна порака ги потсетува жените да не дозволуваат осудувачките коментари да им влијаат на самодовербата.
27-годишната холандска убавица освои златен и сребрен медал на Зимските олимписки игри во Италија и ја сподели фотографијата која најдобро го опишала нејзиното патување.
Во описот, вереницата на боксерот Џејк Пол искрено призна дека цела кариера била осудувана за шминката, но дека не дозволила туѓото мислење да влијае на нејзината самодоверба.
За мене, оваа фотографија го долови сето она што Олимпијада го претставуваше за мене.
Овој момент докажува дека не мораш да станеш помалку од тоа што си за да постигнеш нешто големо. Дека твојот изглед не те дефинира ниту како личност, ниту како спортист. Дека ако работиш напорно и останеш посветена, сè ќе си дојде на свое место.
Толку е иронично што мојот ајлајнер и шминката беа нешто за коешто ме осудуваа во текот на целата кариера, а всушност единственото што ми го даваа беше самодоверба и чувство дека сум женствена и моќна.
Притисокот кој го чувствував, осудувањето со кое се соочував за многу работи и напорната работа која ја вложував со години се споија во овој момент.
Никогаш не чувствував потреба да докажувам нешто. Ова го направив за себе, за мојата помлада верзија, за моето семејство и за сите жени кои не сакаат да бидат ставени во кутија и кои само сакаат да бидат свои и автентични.
Потсетник дека можеш да бидеш истовремено нежна и силна, дисциплинирана и женствена. Никогаш не дозволувај некој да ти го засени сјајот. ✨
Љубов, љубов, љубов 🤍

Холандската брзолизгачка освои златен медал на 1.000 метри, а сребрен на 500 метри.
Бидејќи честопати е нарекувана „вереницата на Џејк Пол“, по нејзините успеси, тој се пошегува на социјалните мрежи.
„Отсега мене можете да ме викате вереникот на Јута Лердам“ – напиша тој.
„Таа е неверојатна. Уште еден медал. Нè инспирираш сите“ – напиша Џејк по вториот медал на Јута.
