• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Огромно БРАВО и длабока почит за овој ЧОВЕК“: Возач на автобус во Скопје ги засолнил патниците од бурата и безбедно ги однел дома

22 јули 2026, 10:42
  • cподели
Фотографија генерирана со вештачка интелигенција

Невремето кое вчера го зафати Скопје предизвика огромна материјална штета и кај многу граѓани внесе страв и неизвесност. 

Во тие тешки моменти, возач на автобус на ЈСП ги засолнил патниците на безбедно, а откако бурата стивнала, ги однел до нивните домови. 

Далиборка Младеновска, која била меѓу патниците во автобусот на линијата 65 кон Раштак, на социјалните мрежи го пофали неговиот човечки и професионален потег, истакнувајќи дека ни се потребни повеќе херои како него.

Јас се зезав со ЈСП, ама во маката навистина се познаваат јунаците!

На Битпазар нè зафати страшно невреме – летаа парчиња од зградата директно во автобусот (65 за Раштак), дрва паѓаа на сите страни... Но, шоферот остана смирен и прибран! Не само што не однесе на сигурно во гаражата во Автокоманда, туку почека да помине најлошото и потоа нè однесе сите безбедно до дома – не нè истовари на немилост на временските непогоди.

Огромно БРАВО и длабока почит за овој ЧОВЕК! Светот има потреба од повеќе вакви професионалци и луѓе со срце.👏 Бaраме повеќе вакви херои! ❤️

Tags
невреме во Скопје

Најнови

  • Најпознатиот јутјубер се ожени: MrBeast го кажа судбоносното „да“ на приватен остров

    Wed, 07/22/2026 - 10:44
  • „Огромно БРАВО и длабока почит за овој ЧОВЕК“: Возач на автобус во Скопје ги засолнил патниците од бурата и безбедно ги однел дома

    Wed, 07/22/2026 - 10:42
  • Прекрасна глетка: Несекојдневна сцена од коњи кои трчаат на Баба Планина

    Wed, 07/22/2026 - 10:02
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.