• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Огромна трансформација: Жена ослабе 78 килограми откако дозна дека ќерка ѝ е загрижена дека ќе ја изгуби поради дебелината

14 ноември 2019, 13:05
  • cподели

Кога се има силна мотивација, ништо не е невозможно, а резултатите можат да бидат зачудувачки.

Венди Дикон тежела 142 килограми кога дознала дека нејзината ќерка Ејми е загрижена дека ќе ја изгуби поради прекумерната тежина. Во тој момент, таа решила дека е крајно време да се насочи кон поздрав живот.

Венди Дикон

Пред да „стопи“ 78 килограми, 49-годишната Англичанка чувствувала потешкотии во секојдневниот живот. „Тешко дишев, ме болеа зглобовите и на лекарскиот преглед на кој реков дека се плашам дека ќе добијам срцев удар, ми рекоа дека кај мене е огромен ризикот од дијабетес и мозочен удар.“

„Се сеќавам еднаш мало момче покажа кон мене на улица и на мајка му ѝ рече 'види ја онаа дебела жена'. Мајката се обиде да го замолчи, но штетата беше направена. Никогаш не сум била позасрамена, во тој момент само сакав земјата да ме проголта.“

„Пресвртниот момент беше кога дознав дека ќерка ми ѝ рекла на мајка ми дека е загрижена дека ќе умрам поради прекумерното јадење. Кога го слушнав тоа, ми се скрши срцето и знаев дека морам да се променам. Помислата дека ќерка ми е толку загрижена за моето здравје, ме фрли во акција“ - раскажа таа.

Венди со ќерка сиВенди со ќерка си пред да започне со слабеење

По направена консултација со стручно лице од организацијата Slimming World, Венди целосно ја променила својата исхрана и се фокусирала на оброци кои самата може да ги зготви дома.

Пред да започне со слабеење, таа воопшто не појадувала, ручекот ѝ се состоел од сендвич со пилешко и чипс, неколкупати во денот јадела чоколади, а за вечера нарачувала брза храна.

Сега, таа појадува јајца со потпечени домати или јогурт со овошје, за ручек има салата и немрсно месо на скара, а за вечера јаде пилешко со зеленчуци или шпагети болоњезе. Нејзините закуски најчесто се овошни плодови.

Откако буквално се преполови, Венди забележа огромна разлика во квалитетот на живот. „Претходно се мачев кога се качував по скали, па никој не беше поизненаден од мене кога започнав да уживам во вежбањето. Често пешачам во 7 часот наутро, а неодамна истрчав 5 километри со ќерка ми“ - радосно раскажува таа.

Венди Дикон Венди Дикон Венди Дикон Венди Дикон

Промени настапиле во нејзиниот љубовен живот. Таа долго време била верена, но немала самодоверба да направи свадба и да облече венчаница. „Беше значаен момент за мене кога конечно се здобив со самодоверба да одам на шопинг за невестински фустан“ - признава таа.

Венди со вереникотВенди со вереникот

Венди сега вели дека се гордее со себе, но дека најсреќна е што гледа дека нејзините најблиски со гордеат со нејзината решителност и постигнатите резултати.

Tags
големо слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.