• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Огромен успех: Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска со ДВЕ номинации за Еми награда

9 јули 2026, 14:37
  • cподели
Приказната за Силјан

Македонскиот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, освои две номинации за престижните награди Еми.

Третото филмско остварување на Котевска е номинирано во категоријата Exceptional Merit In Documentary Filmmaking (Исклучителен придонес во документарното филмско творештво) во која ќе се бори за статуетка со „The Librarians“.

Еми номинација за „Приказната за Силјан“

Втората номинација е во категоријата Outstanding Cinematography For A Nonfiction Program (Извонредна кинематографија за документарна програма) во конкуренција на „My Mom Jayne: A Film By Mariska Hargitay“, „Ocean With David Attenborough“, „Tucci In Italy“ и „The Yogurt Shop Murders“.

Еми номинација за „Приказната за Силјан“

„Приказната за Силјан“ беше македонски кандидат за Оскар, квалификуван во две категории – Најдобар странски филм и Најдобар документарец, но за жал, не влезе во потесната трка за реномираната награда.

Откако минатата година ја освои Cinema & Arts Award (Наградата МУЗА) на 82-рото издание на Филмскиот фестивал во Венеција, филмот доби многу други награди и признанија низ светот.

Награда за „Приказната за Силјан“

Инспириран од народната приказна за момчето Силјан, кое по кавга со татко му се претвора во штрк и го напушта својот дом, „Силјан“ претставува современа приказна за судбината на Источна Македонија, преку односот на еден земјоделец со бел штрк, како метафора за човечкиот опстанок, нежноста и надежта.

Трејлер за „Приказната за Силјан“

Доделувањето на Еми наградите ќе се одржи на 14 септември во Лос Анџелес.

Tags
Приказната за Силјан
Тамара Котевска

Најнови

  • Сладок момент татко-ќерка: Адам Левин паузираше концерт за да ја бакне малата ќеркичка во публиката

    Thu, 07/09/2026 - 14:52
  • Приказната за Силјан

    Огромен успех: Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска со ДВЕ номинации за Еми награда

    Thu, 07/09/2026 - 14:37
  • „Ме враќа таа глетка на празен фрижидер“: Слаткар искрен за скромниот живот во детството и тажната реалност зад „Да полетам“

    Thu, 07/09/2026 - 14:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.