Огномет, хит-торта и блескав фустан: Моделот Елена Ѓорговска дипломираше медицина и направи гламурозна забава
Елена Ѓорговска стави крај на едно важно животно поглавје. Македонскиот модел дипломираше медицина и прослави со гламурозна забава во Шато Камник, која вечно ќе ја памети.
Атрактивната убавица изгледаше одлично во кратко блескаво фустанче додека прославуваше со своите најблиски.
Вечерта започна со софистицирана вечера, продолжи со шампањ и торта која е апсолутен хит на свадбените прослави, а заврши со спектакуларен огномет кој го осветли небото.
Гостите ги забавуваше Антониа Гиговска.