• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Официјално: Македонија нема да учествува на Евровизија 2023

14 октомври 2022, 12:50
  • cподели

Македонија нема да учествува на Евровизија следната година. Оваа одлука беше донесена од МРТ и објавена во официјално соопштение.

Причината за откажувањето е заштеда на парични средства поради зголемените трошоци за пат, сместување и учество.

Евровизија

„Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство. Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, кадешто се одржува Евросонг 2023.“

„Но, МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале. МРТ се надева дека состојбата ќе се стабилизира, по што земјава повторно ќе се врати со учество на Евровизија во 2024 година“ – стои во соопштението.

Tags
Евровизија

Најнови

  • Leapmotor

    Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност

    Fri, 07/10/2026 - 12:01
  • „Слава на Бога, ја победивме долгата борба“: Новородената ќеркичка на Христијан Трајаноски по 84 дена на болница конечно си замина дома

    Fri, 07/10/2026 - 11:40
  • Синовите на Бритни Спирс пораснаа и дебитираа како манекени: „Мајка ни постојано ни праќаше пораки за поддршка“

    Fri, 07/10/2026 - 11:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.