Од скромни почетоци до светски метрополи: Пајак ужива во Лондон откако сподели дека никогаш не бил на одмор во Грција
Иако моментално е меѓу најпопуларните артисти на македонската сцена, Христијан Настески - Пајак живее скромно и не брка луксузи.
Во неодамнешно интервју, тој отворено призна дека досега нема отидено во Грција и дека првпат море видел на 16-17 години, а сега, отпатува на далечна дестинација - Англија.
Младиот пејач сподели албум со фотографии од посетата на Лондон и кафич со видеоигри во стилот на 90-тите. „90’s Vibes“ – напиша тој во описот.
Во емисијата „Никој да не знае“, Пајак зборуваше за желбата да им возврати на родителите за сè што му дале во животот.
Јас и мојот брат се трудиме за сè што им треба... Потрошиле многу време на нас, малку сакам да уживаат и тие... Сега им викам секое лето по два, три пати на одмор, а јас не сум бил... Знаете ли дека не сум бил во Грција во животот? – вели тој во видеото.
Кога водителката го прашува зошто никогаш не бил во Грција, Пајак споделува:
Не знам, сега моментално немам време. Сакам после албумов да одам некаде... Сме немале ни можности. Мама знам само еднаш ме има однесено до Албанија, првпат на море сум бил на 16 или 17 години.
Минатиот месец, Пајак го промовираше својот прв студиски албум „2000 и некоја“.