Христијан Настески – Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, на море првпат бев на 16-17 години“
Христијан Настески – Пајак не ја освојува публиката само со својот глас, туку и со својата скромност и со харизмата.
25-годишниот пејач беше гостин во емисијата „Никој да не знае“, каде зборуваше за неговите музички почетоци, за неговиот живот и за желбата да им возврати на родителите за сè што му дале.
Јас и мојот брат се трудиме за сè што им треба... Потрошиле многу време на нас, малку сакам да уживаат и тие... Сега им викам секое лето по два, три пати на одмор, а јас не сум бил... Знаете ли дека не сум бил во Грција во животот? – вели тој во видеото.
Кога водителката го прашува зошто никогаш не бил во Грција, Пајак споделува:
Не знам, сега моментално немам време. Сакам после албумов да одам некаде... Сме немале ни можности. Мама знам само еднаш ме има однесено до Албанија, првпат на море сум бил на 16 или 17 години.
Пајак започнал да се занимава со музика на 6-годишна возраст и досега има снимено повеќе свои песни и има соработувано со многу други музичари.