„Од инвалидска количка до МЕТ гала за 3 месеци“: Линдзи Вон ги остави фановите без зборови месеци по ужасната повреда
Три месеци по една од најтешките повреди во нејзината кариера и осумте операции, Линдзи Вон ги остави сите без зборови, појавувајќи се на МЕТ галата без патерици.
41-годишната скијачка блесна во уникатна креација на Thom Browne инспирирана од мермер, украсена со повеќе од 500.000 стаклени мониста и кристали во бела, сребрена и сива боја. Елегантниот изглед дополнително го заокружи со високи потпетици и впечатлив накит.
Од инвалидска количка пред 3 месеци до Мет гала. Полека, но сигурно, се вратив. Ти благодарам Thom Browne што направи да се чувствувам како принцеза. Навистина беше магична вечер – напиша Линдзи на Instagram.
Иако доби мала помош додека се искачуваше по скалите, фактот дека се појави без патерици беше огромна победа за неа. Таа откри дека токму овој момент ѝ бил „светло на крајот од тунелот“ додека се опоравувала.
Пред настанот, Вон дури и вежбала одење во хотелски ходник, решена да го направи својот прв чекор без помагала токму на Мет гала.