• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Од идеја до реализација: Вработени во ⋮IWConnect во соработка со „Деца“ донираа опрема за сензорна соба преку криптовалути

27 септември 2023, 14:37
  • cподели

Лицата од Центарот за лица со интелектуална и физичка попреченост од Битола конечно добија сензорна соба. Опремувањето на сензорната соба беше иницирано пред повеќе од 10 години, но поради недоволно финансиски средства, нејзиното опремување беше на неколку пати одложено.

Водени од желбата да помогнат, хуманитарната организација „Деца“ основана од битолчани, регистрирана во Австрија, организира донаторска акција која се состоеше од продажба на ликовна уметност која беше изработена од самите корисници од дневниот центар, подоцна дигитализирана во форма на NFT’s (Non fungible tokens).

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Водејќи се од вредноста за давање на несебична помош на секој на кому му е потребно, повеќе од 30 вработени во ⋮IWConnect се вклучија во акцијата и во рок од само една недела средствата потребни за опремување на сензорната соба беа собрани преку купување на крипто токени. Со тоа, вработените во ⋮IWConnect покажаа дека технологијата може да се користи за постигнување на добротворни цели. Иницијатор на идејата беше Петар Поповски, дел од тимот на „Деца“ и вработен во ⋮IWConnect.

„Ние сме горди што можеме да допринесеме кон остварувањето на овој важен проект. Ова е доказ дека кога има добра волја и тимска работа, сè е возможно. Најголема радост за нас е што децата ги имаат алатките кои им се потребни за раст и развој.“ изјавија од ⋮IWConnect.

Сензорната соба е интерактивна соба опремена со соодветна опрема која ја потпомага стимулацијата на сетилата за слух, вид, допир, мирис, а воедно влијае и на развој на фина моторика.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Се надеваме дека овој чекор ќе послужи како инспирација и за други компании и поединци да се вклучат и да допринесат кон подобрување на условите и животот на лицата со посебни потреби.

Tags
IWConnect

Најнови

  • Александрос Косенас

    „Нептун“ кон ново поглавје: Интервју со Александрос Косенас, извршен директор на „Нептун Интернешнл“

    Sat, 08/22/2026 - 12:55
  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.