• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Од фабричкиот оџак висок 34 метри до уметничко дело: Нов живот за историскиот знак на „Алкалоид“ во инсталација на Сатја Грабул

22 септември 2026, 12:31
  • cподели

Повеќе од половина век стариот знак со логото на „Алкалоид“ беше дел од препознатливата силуета на фабричкиот оџак во Автокоманда. Денес, зачуван во својата автентична форма и интегриран во уметничката инсталација на македонскиот артист Сатја Грабул, тој претставува трајно сведоштво за историјата на македонската фармацевтска индустрија.

Уметничка инсталација на Сатја Грабул

Стариот фабрички оџак на „Алкалоид“ бил изграден во 1936 година за потребите на погонот за екстракција и преработка на алкалоиди од македонскиот афион. Неговата активна функција завршила кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години на минатиот век, кога престанале со работа старите котли што користеле јаглен како погонско гориво.

Во првата половина на седумдесеттите години на оџакот бил поставен знак со логото на „Алкалоид“, со што овој некогаш функционален дел од фабриката добил ново значење и со текот на времето станал еден од најпрепознатливите визуелни симболи на компанијата.

Со цел да се зачува ова индустриско наследство, во 2012 година Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) изработува проект врз основа на кој се извршени темелна санација и конструктивно зајакнување на оџакот висок 34 метри.

При санацијата оригиналниот знак со логото е симнат од оџакот и зачуван, а на негово место е поставен нов.

Денес оригиналниот знак со логото доби ново, почесно место на влезот на локалитетот на „Алкалоид“ во Автокоманда. Интегриран е во уметничка инсталација специјално конципирана и изработена од истакнатиот македонски артист Сатја Грабул, внук на Јордан и Искра Грабул, авторите на крушевскиот „Македониум“. Така, по повеќе од пет децении на врвот на фабричкиот оџак, знакот со логото останува трајно зачуван како автентичен дел од историјата на „Алкалоид“ и како сведоштво за континуитетот на компанијата.

Уметничка инсталација на Сатја Грабул

Деведесет години по основањето на компанијата, оваа уметничка инсталација претставува симбол на почитта спрема сопствените корени и на определбата вредните траги од минатото да се зачуваат за генерациите што доаѓаат.

Tags
Алкалоид

Најнови

  • Хуманитарна трка

    „Трчаме со срце“ - 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

    Tue, 09/22/2026 - 12:45
  • Уметничка инсталација на Сатја Грабул за Алкалоид

    Од фабричкиот оџак висок 34 метри до уметничко дело: Нов живот за историскиот знак на „Алкалоид“ во инсталација на Сатја Грабул

    Tue, 09/22/2026 - 12:31
  • Ем Вандера со фотографии од одморот со семејството во Анталија, сподели и забавно видео со свекрвата

    Tue, 09/22/2026 - 12:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.