• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Од 8 октомври започнува официјалната програма на КИНЕНОВА на Телевизија 24

6 октомври 2020, 14:19
  • cподели

На 8 октомври започнува да се емитува официјалната програмана Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“ на телевизија 24 под покровителство на VIVAX. Големото отворање на фестивалот ќе започне со Бранка Катиќ и нејзиното специјално интервју по повод фестивалот. Бранка Катиќ оваа година е ѕвезда на КИНЕНОВА. Таа ја доби престижната награда на фестивалот за особен придонес во филмската уметност, а минатата недела на прес конференцијата на КИНЕНОВА се вклучи во живо од својот дом во Белград за да ги поздрави организаторите и да им се заблагодари за особената чест и за првата награда воопшто од Македонија.

Веќе од почетокот на октомври се емитува ретро програмата на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА за оваа 2020 година. Ова петто издание се разликува со тоа што цел октомври на програмата на Телевизија 24 љубителите на филм ќе бидат во можност да го следат секој филм на фестивалот од своите домови.

КИНЕНОВА

Оваа година КИНЕНОВА ја има најобемната и најквалитетна програма до сега со филмови кои што се поместени во 11 програмски целини и тоа: Главна натпреварувачка селекција-Меѓународна конкуренција, Киненова ретроспектива, Посветено на Фернандо Труеба, Посветено на Билјана Гарванлиева, Фокус на Австрија, Награда Лукс на Европскиот парламент, Киненова независни, Киненова специјал, Вон конкуренција, Меѓународна конкуренција на куси филмови, Македонски куси“, изјави директорот Јовановиќ.

Фокусот е ставен на дебитантските режисери и европските филмови, особено на шпанската кинематографија. Во три филмови кои што ќе се емитуваат се појавува светски познатата актерка Пенелопе Круз.

Распоредот на филмовите и целокупната програма можете да ја проследите на следниот линк: http://kinenova.com/wp-content/uploads/2020/10/Film-Schedule_KINENOVA-2020.pdf

Tags
КИНЕНОВА

Најнови

  • Шарлиз Терон одушеви во машки костум од Диор откако зборуваше за моментот кога мајка ѝ го уби татко ѝ

    Thu, 04/23/2026 - 09:25
  • СИ-ДО

    „Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“: Оригиналните изведувачи се враќаат на сцената за 30 години „СИ-ДО“

    Wed, 04/22/2026 - 18:50
  • СИ-ДО

    Три децении детски насмевки и музичка магија: „СИ-ДО“ го најавува своето 30. јубилејно издание полно со изненадувања

    Wed, 04/22/2026 - 18:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.