• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Од 149 денари до комплетен есенски изглед: Погледнете што може да најдете во dm

1 октомври 2026, 13:45
  • cподели

Есента е вистински момент да внесеме малку повеќе боја, текстура и разиграност во секојдневната шминка. Некогаш се доволни нагласени трепки и малку руменило за дневен изглед, а некогаш расположението бара интензивна боја на усните и поизразен ефект за вечерните излегувања. Во dm може да се најде сѐ што е потребно за омилениот есенски изглед – од производи за секојдневна до вечерна шминка, и сето тоа по секогаш поволни цени.

За поглед што веднаш привлекува внимание, AURA Power Lashes вештачките трепки 10, по цена од 195 денари, можат да бидат последниот чекор во шминкањето на очите. Рачно се изработени од природни влакна, а нивната должина може да се приспособи со потстрижување во зависност од посакуваниот ефект. Дополнителна предност е што се наменети за повеќекратна употреба, па лесно можат да станат дел од различни дневни и вечерни комбинации.

AURA Power Lashes вештачките трепки 10

А кога есенскиот изглед бара малку повеќе боја, AURA Classic карминот, достапен за 265 денари, носи интензивна пигментација и сатенски финиш. Богатата кремаста текстура лесно и рамномерно се нанесува без лепливо чувство, додека хранливите масла во формулата обезбедуваат нега и ефект на пополни усни. Дискретната арома на ванила дополнително го заокружува искуството при нанесувањето.

AURA Classic карминот

Свежината на лицето може да се нагласи со руменилото trend !t up Blush Powder од 149 денари. Неговата текстура лесно се блендира и овозможува нагласување и обликување на контурите, додека комбинацијата од ефект против сјај и суптилен блескав финиш придонесува за свеж изглед. Може да се нанесува со прсти или со четка, а интензитетот лесно се приспособува – од дискретен дневен до понагласен изглед.

руменилото trend !t up Blush Powder

За комплетирање на шминката на очите, Maybelline Lash Sensational маскарата, по цена од 425 денари, доаѓа со четка со десет слоеви влакненца, дизајнирана да ги истакне слоевите на трепките и да создаде ефект на полни, распрскани трепки. Формулата додава визуелна должина и волумен без создавање грутки, па погледот добива понагласен ефект.

Maybelline Lash Sensational маскарата

Од руменило за свеж дневен изглед до кармин, маскара и вештачки трепки кога сакате шминката да биде во центарот на вниманието – есента остава простор за играње со различни комбинации. А најдобриот изглед не мора секогаш да биде однапред испланиран: понекогаш е доволно само да го изберете она што одговара на вашето расположение тој ден.

Мојот есенски изглед? Опуштен и разигран! Во dm може да ги пронајдете производите со кои секојдневната и вечерната шминка лесно добиваат ново есенско издание – по секогаш поволни цени.

Tags
dm

Најнови

  • Од 149 денари до комплетен есенски изглед: Погледнете што може да најдете во dm

    Thu, 10/01/2026 - 13:45
  • ВИДЕО: Дечиња пуштија златни балони во Скопје за поддршка на најмалите пациенти болни од рак

    Thu, 10/01/2026 - 13:37
  • Месечен хороскоп – ОКТОМВРИ, 2026

    Thu, 10/01/2026 - 12:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.