• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Од 12 до 16 години работев на пазар, на 30 оставив сè и заминав на брод“: Ана Колева искрено за патот до успехот

30 октомври 2026, 11:00
  • cподели

Години труд, многу почетоци од нула, погрешни избори, неизвесност и храброст да се продолжи дури и кога сè уште не знаеме каде нè води патот. Токму таква е приказната на Ана Колева, која преку искрена објава на социјалните мрежи одлучи да сподели дел од својот животен пат. 

Упорната кавадарчанка во најновото видео раскажа дека работела уште од тинејџерските денови, дека неколкупати заминала од државата во потрага по подобри услови, а дури на 31 година конечно ја пронашла вистинската професија за себе.

„Можеби го знаеше моето име, но не и мојата приказна“ – пишува Ана, која на 28 години се бореше против злоупотреба на нејзини фотографии и податоци во групата „Јавна Соба“.

Од 12 до 16 години работам на пазар со моите родители и одам на училиште.

Од 16 до 20 работам во продавницата на моите родители додека учам и студирам.

На 22 и 23 години работам како шанкерка во Америка за време на лето.

На 26 завршувам факултет и работам една година во канцеларија.

На 27 години се селам во Скопје и работам две години како менаџер во ресторан за здрава храна, чистам, готвам, менаџирам луѓе и носам роба.

На 30 години давам отказ, оставам сè овде и заминувам на брод да работам како помошник келнерка. 

На 31 конечно го наоѓам она вистинското за мене. Учам, се трудам и конечно успевам.

Можеби го знаеше само моето име, но не и мојата приказна.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Aleksandra Koleva (@annakolevaa)

„Го знаеше моето име, но не и мојата приказна. ❤️

Не ги знаеше сите работни места низ кои поминав, сите почетоци од нула, сите моменти кога се прашував дали некогаш ќе го најдам своето место.

Не знаеше колку пати морав да бидам силна, колку пати учев од грешките и колку пати продолжив и тогаш кога немав јасна претстава каде ме води животот.

Денес можеби гледаш жена која го пронашла својот пат. Но зад неа стојат години работа, искуства, падови, лекции и верба дека еден ден сè ќе има смисла.

Затоа, никогаш не суди за нечиј почеток според неговата сегашност.

И никогаш не се срами од сопствената приказна.

Зашто не си она што го работиш денес. Ти си сè што си поминал/а, сè што си научил/а и сè што сè уште имаш храброст да станеш. ✨“- напиша Ана во описот.
 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Aleksandra Koleva (@annakolevaa)

Пред пет години, Ана стана една од жртвите на скандалозната група „Јавна соба“ на Телеграм, во која без нивна согласност се споделуваа фотографии и лични податоци на девојки и жени од Македонија. 

Нејзината фотографија беше злоупотребена, а дополнително разочарување доживеала по обидот да побара помош од полицијата, кога ѝ било кажано дека како полнолетна личност нема соодветна законска заштита. Наместо да молчи, Ана јавно проговори за своето искуство, испраќајќи силна порака дека срамот и вината не се кај жртвите, туку кај оние кои ги злоупотребуваат.

Tags
Ана Колева

Најнови

  • Уна Чолиќ

    Ќерката на Здраво Чолиќ прослави роденден во Виена: Доби Cartier часовник од 7.000 евра, луксузен накит и рози

    Fri, 10/30/2026 - 11:52
  • ЕДС

    Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 30 октомври 2026 изнесува 306,05 евра за мегават час, на МЕМО 324,86 евра за мегават час

    Fri, 10/30/2026 - 11:13
  • Беше во врска со Џанлука Ваки, погрешно ја прогласија за победничка: Убавата мисица Аријадна Гутиерез се омажи со 20 години постар милионер

    Fri, 10/30/2026 - 11:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.