• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Денес жртва сум јас, утре може да бидеш ти“: Смелата Ана чија фотографија беше злоупотребена во „Јавна соба“ со силна порака

27 јануари 2021, 14:37
  • cподели

Скандалозната „Јавна соба“, во која се споделуваа фотографии и лични податоци на малолетни и полнолетни девојки од Македонија, деновиве се дозна дека е разгранета во повеќе групи на „Телеграм“.

Активно се објавуваат фотографии кои девојките или ги споделувале приватно со нивни партнери или на социјалните мрежи, а заедно со нив се објавуваат и нивни телефонски броеви.

28-годишната Ана, чија фотографија беше злоупотребена во една од групите, храбро ѝ се обрати на јавноста со силна порака. Таа раскажа како станала жртва и како била разочарана по пријавувањето во полиција. Исто така, им порача на злоупотребените девојки да ја држат главата горе, а на нивните блиски, безрезервно да покажат поддршка.

View this post on Instagram

A post shared by (@troublemaker_ak)

„Сакам да им се обратам на сите девојки кои го доживеале ова, дали во минатото, дали моментално го доживуваат или во иднина ќе им се случи, се надевам нема, но... Само сакам да ви кажам дека ова не е ваш срам. Ова е срам на некој друг кој сакал да ви наштети, на којшто намерата му е да се повлечете, да избришете социјални мрежи, можеби да си смените телефонски број, да не излегувате надвор, да немате социјален живот, да си ги нарушите односите со фамилијата, со партнерот, со другари, со другарки, на работа итн. и да паднете психички.

Сега ќе ви дадам само еден совет, немојте да дозволите тоа да ви се случи. Значи главата горе! Не сте вие виновни што сте одлучиле да имате свој живот, да си постирате слики, да си користите социјални мрежи. Виновни се оние коишто тоа, наместо да го земат такво какво што е, тие одлучиле да го злоупотребат“.

Ана

Најголемо разочарување за Ана била реакцијата на полицијата. „Кога слушнаа дека сум полнолетна, односно дека имам 28 години, ми рекоа дека ништо не можат да направат, затоа што Законот во нашата држава е само за малолетниците, за ваквите случаи. Јас во тој момент се почувствував толку беспомошно и бесно, што не знаев што да направам и каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, многу се разочарав. Видов дека во државава не постои правда, дека ако ние имаме над 18 години, ние намаме никаква заштита. Токму поради тоа, луѓето се осмелуваат на вакви работи, зашто знаат дека никој ништо нема да им направи“ - вели таа.

Од МВР порачуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“ и порачуваат сите кои се злоупотребени да пријават во најблиската полициска станица.

Tags
Јавна соба

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.