• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Очила за сонце навечер?“: Меланија Трамп доби бројни критики со модниот избор

19 февруари 2026, 11:19
  • cподели

Меланија Трамп се најде во центарот на вниманието, но овој пат не поради модниот погодок, туку поради необичниот моден избор. 

Првата дама на САД беше фотографирана како доцна навечер излегува од претседателскиот авион заедно со сопругот Доналд носејќи големи црни очила за сонце.

Парот се враќаше во Белата куќа по викенд поминат во Палм Бич, Флорида, а вниманието на јавноста го привлече фактот што Меланија носеше очила за сонце иако надвор беше темница. Во својот стајлинг, таа вклучи сив широк капут, црни кожени ракавици и високи црни чизми со врвки, додека претседателот се појави во темен капут и ракавици.

На социјалната мрежа X веднаш се појавија бројни коментари. Дел од корисниците се прашуваа зошто би носела очила за сонце навечер, додека други ја пофалија дека е секогаш одлично облечена.

„Навистина? Очила за сонце навечер?“, „Изгледа смешно со очила во темница“, „Таа е најдобро облечената Прва дама на САД“, „Ана Винтур постојано носи очила за сонце. Меланија може да носи што сака“, „Луѓето не сфаќаат колку блицови светат во нив“  – беа само дел од реакциите.

@independent

Melania Trump bizarrely wore sunglasses at night as she exited the Air Force One on Monday (February 16). Click the link in bio for more 🔗

♬ original sound - Independent

Појавувањето во Вашингтон доаѓа кратко по премиерата на нејзиниот документарен филм „Melania“, кој ги следи деновите пред инаугурацијата во јануари 2025 година.

Tags
Меланија Трамп
Доналд Трамп

Најнови

  • Актерката Ана Стојановска во смел стајлинг од Марков на црвениот тепих на Берлинале

    Thu, 02/19/2026 - 12:33
  • „Очила за сонце навечер?“: Меланија Трамп доби бројни критики со модниот избор

    Thu, 02/19/2026 - 11:19
  • Мартија Станојковиќ

    „Не барај ги ангелите“: Спотот на Мартија за новата емотивна балада

    Thu, 02/19/2026 - 11:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.