• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Обувки – пролет/лето 2011

4 април 2011, 09:51
  • cподели

Се прашувате со какви обувки да ја збогатите вашата мала колекција или кои обувки да си ги ставите на дофат на рака? Еве ги најактуелните трендови со кои во текот на пролетта и летото ќе останете во чекор со модата.

Модели

Сандали на платформаСандали на платформа

Штом пукне силното сонце, своето место на улиците го пронаоѓаат сандалите на платформа. Но, оваа година тие се помодерни од секогаш.

Без разлика дали платформата е тип „полумесечина“ или пак има клинеста форма, ваквите обувки нема многу да ги заморуваат вашите нозе, а ќе ви ги издолжат за со гордост да сакате да ги покажете.
Сандали на штикла со ремчиња или врзувањеСандали на штикла со ремчиња или врзување

Оставете силен впечаток со сандали на штикла кои имаат многу тенки ремчиња. Колку поразнобојни се тие, толку подобро. Но, нема да погрешите и ако изберете еднобојни сандали.

Доколку ремчињата ви се досадни, пронајдете сандали на врзување со дебела врвца или дебела лента. Мошне интересен тренд се сандалите со дебела лента за врзување со која ќе можете да направите убава панделка на глуждовите.
Обувки со дебела штиклаОбувки со дебела штикла

Тенката женствена штикла секогаш ги примамува жените, а ги воодушевува мажите. Сепак, дизајнерите решија оваа година да си поиграат со формата на штиклата, па така се роди трендот на сандалите со дебела штикла.
Обувки со мала штиклаОбувки со мала штикла

Чевлите со мала штикла уште минатата сезона го најавија својот кам-бек, но сега многу посигурно се наметнуваат како тренд. Дамите кои мразат да се измачуваат со високите потпетици сега можат слободно да зачекорат во чевлите со штикла не повисока од 5 сантиметри.
Ниски сандалиНиски сандали

На секоја жена ѝ треба одмор од високите обувки. Добрата вест е што во текот на топлите денови практичните ниски сандали ќе ни дозволат ем да ги одмориме стапалата, ем да изгледаме фенси и тренди.

Претпочитајте ги гладијаторките, сандалите со ремчиња во „Т“ форма, сандалите со ленти за врзување и сандалите со цветен, животински и геометриски принт. Но, исто така не треба да ги избегнувате и елегантните сандали во минималистички стил.

Ниските сандали се must-have оваа сезона, особено ако ви се потребни обувки за да го надополните вашиот летен макси фустан.
БалетанкиБалетанки

Иако во минатото балетанките беа оценувани како досадни и никогаш не беа асоцирани со зборот „секси“, во изминативе неколку години дизајнерите докажаа дека балетанките можат да бидат елегантни и шик исто како и обувките со штикла.

Тие се најкомфорниот избор на секоја жена, без разлика на нејзината возраст, а најдоброто е што ќе бидат „ин“ и оваа пролет и лето. Еднобојни, со линии, со цветен дезен, со детали во вид на цвет, панделка или блескави камчиња... сите се модерни.

Алтернатива на балетанките се чевлите тип „Оксфорд“ кои остануваат меѓу најактуелните трендови.
Дрвени сандали тип „кломпи“Дрвени сандали тип „кломпи“

Кломпите веќе две сезони срамежливо се обидуваат да се наредат до најголемите трендови. Имајќи во предвид дека модата од 70-тите е апсолутен хит, нема начин како да се прескокнат кломпите.

Сепак, оваа сезона не треба да ги барате стандардните кломпи, туку сандалите кои ја „крадат“ формата на кломпите.

Тоа се сандали со дрвена потпетица и дебела штикла. Нивната негативна страна е што изгледаат малку грубо и нападно, па треба да внимавате со што ги комбинирате. Добар избор се винтиџ сукњите и фустаните.
Обувки со рамна платформа (flatforms)Обувки со рамна платформа (flatforms)

Последен, но не помалку важен тренд се новите обувки на рамна платформа или популарно наречени „flatforms“ (flat+platforms= flatforms). Кај нив целата платформа е со еднаква висина и токму поради тоа нудат удобност, а истовремено додаваат и неколку сантиметри висина.

Тие се одлично дополнение на облеката во стилот на 70-тите години која е најголем тренд оваа сезона. Феноменално одговараат со фармерки тип траперки, но и со долги сукњи и макси фустани.

Обувките со рамна платформа се наречени „it“ обувки за 2011 година.

Бои и дезени

Бои и дезени на обувки - пролет/лето 2011

Обувките оваа сезона треба да оставаат силен впечаток. Светлите јаки бои како мастило сина, корална, циклама, жолта и зелена ќе донесат многу свежина во вашиот изглед. Како тренд се издвојуваат и обувките чии различни делови се во различни бои (на пример, дел од ремчињата сини, другите зелени, а ѓонот бежов).

Ако досега не сте успеале да си набавите чевли во месо боја, сега е крајно време да го направите тоа.

Разведрете го вашето расположение со обувки со цветен дезен или пак изберете геометриски или животински принт. Така ќе покажете дека сте добар познавач на најновите модни тенденции.

Tags
пролет/лето 2011
обувки пролет лето

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.