Почетна » Убавина и мода » Мода » Топ бои за сезоната пролет/лето 2011

Топ бои за сезоната пролет/лето 2011

Заборавете на еднобојните модни комбинации, на црната и темните нијанси на сивата, кафеавата и зелената боја. Заборавете на стравот од нестандардно комбинирање на бои и успешно ќе се прилагодите на новите трендови.

Доколку запрашате моден експерт која е најактуелната боја за сезоната пролет/лето, нема да добиете категоричен одговор. Бела, портокалова, сина, корална... Новата сезона носи нов сет тренди бои, кои задолжително ќе ни го разведруваат расположението, но и ќе нè поттикнат повеќе да експериментираме.

Еве ги боите кои не треба да ги прескокнувате во текот на топлите денови:

Gianfranco FerreTommy HilfigerVersaceRalph LaurenPaul&JoeAquilano e RimondiVersace

Розово-црвена

Розово-црвената боја (Honeysuckle) e прогласена за боја на 2011 година, па не е ни најмалку чудно што повеќето дизајнери ја вклучија во своите колекции. Тоа е топла боја со која сигурно ќе бидете во тренд. Најбезбедно е да ја искомбинирате со крем боја, но одлично изгледа и во комбинација со портокалово или розово.

Gianfranco Ferre

Портокалова

Впечатлива и енергична, портокаловата е боја која сигурно нема да ве остави незабележани. Многу експерти ја нарекоа портокаловата „it“- боја, па ако не сакате портокалова облека, задолжително треба да поседувате барем неколку портокалови модни додатоци. Најлесно можете да ја комбинирате со бела или крем боја.

Tommy Hilfiger

Сина

Зимската црна боја заменете ја со сина. Сината е одлична за комбинирање, а освен тоа оваа пролет се модерни многу нејзини нијанси. Од светло и небесно сино до сафирно сино и боја на мастило, што и да изберете, нема да погрешите.

Versace

Бела

Вечно модерната бела боја е меѓу клучните трендови оваа сезона. Облечете се од глава до пети во бело и подготвени сте за топлите пролетни и летни денови. Бидете внимателни кога ја комбинирате белата со крем боја, затоа што кремовото може да делува како нечисто. Сигурна варијанта е комбинацијата со сребрени и златни модни додатоци.

Ralph Lauren

Жолта

Сончевата сезона овој пат нема да помине без жолтата боја. Модерни се повеќе нијанси и тоа боја на сенф и пчелин восок, како и лимоново-жолта.

Paul&Joe

Луд микс од фосфорни бои

Поголем дел од жените ќе го игнорираат овој тренд и тој ќе остане за оние похрабрите кои не се плашат од малку повеќе боја. На модните писти видовме нестандардни и колоритни комбинации од портокалово, светло розово, жолто, зелено и сино. Сепак, бидете внимателни. За да го следите овој тренд, потребна ви е и голема храброст и многу вкус.

Aquilano e Rimondi

Месо боја

Како еден вид контраст на фосфорните бои, „месо“ бојата останува меѓу најактуелните трендови. Наречена уште и „новата црна“, оваа боја лесно може да се комбинира, а одговара и на темен и на светол тен.

Versace

Изборот на Pantone

„Боите кои ги избраа дизајнерите за пролетната сезона претставуваат интересен брак од неочекувани топли и ладни тонови“ – изјави Леатрис Ајсмен, извршниот директор на Институтот за бои Пантон.

Еве ги нијансите кои славните дизајнери ги изгласаа како најмодерни оваа пролет:

Бои за пролет/лето 2011 според Pantone

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11232 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.