Почетна » Убавина и мода » Тело » Испукани пети – како да си помогнете?

Испукани пети – како да си помогнете?

Женските стапала треба редовно да се негуваат. Тие треба секогаш да бидат мазни и привлечни, а не само во текот на летните месеци. А најголемиот и најчестиот проблем кој го уништува убавиот изглед на стапалата е сувата и груба кожа на петите.

Стапала без испукани петиЖенските стапала треба да бидат нежни и негувани

Испуканите пети не само што не изгледаат привлечно, туку можат да донесат и многу болка. Непријатната груба напукана кожа може да се појави поради сува кожа, болест (дијабетес, проблеми со тироидната жлезда), долго стоење, дебелина, несоодветни обувки и сл.

Игнорирањето на испуканите пети може да доведе до влошување на состојбата. Затоа, започнете со грижата за кожата на стапалата уште денес. Нозете ќе ви бидат благодарни.

1. Отстранување на грубата кожа

Првиот чекор при негата на стапалата е отстранување на грубата кожа, која често има и непривлечен жолтеникав изглед.

  1. Топла бања за омекнување на кожата. Во леген со топла вода ставете малку гел за туширање или сапун. Потопете ги нозете околу 10-тина минути. Топлата вода ќе ја омекне грубата кожа за да можете полесно да ја отстраните. Избришете ги нозете со крпа без да триете.
  2. Груба ексфолијација. Започнете да ги триете петите со турпија или камен за пети, без да притискате силно. Бидете нежни. Поминете ги петите повеќе пати, сè додека не забележите дека поголемиот дел од грубата кожа е отстранет.
  3. Нежна ексфолијација. За темелно отстранување на мртвата кожа можете да купите соодветен пилинг или пак да си направите свој. Сè што ви е потребно е шеќер и малку етерично масло. За најдобри резултати искористете масло од нане или од чајно дрво. Тие се составен дел на многу козметички креми и лосиони за стапала. Користејќи смеса од шеќерот и маслото, започнете да ги триете стапалата со кружни движења. Благодарение на кристалите шеќер, ќе можете целосно да ги отстраните мртвите клетки од површинскиот слој на кожата. На крајот, измијте ги нозете со топла вода и малку сапун.

2. Маска за стапала

Откако ќе се ослободите од грубиот слој, потребно е да ја „нахраните“ кожата. За таа цел, направете си маска од презреана банана и сок од лимон. Изгмечете еден презреана банана и исцедете сок од еден лимон. На подот постелете крпа и врз неа поставете проѕирна кујнска фолија. Нанесете ја приготвената смеса на стапалата. На петите ставете подебел слој. Спуштете ги нозете на фолијата и релаксирајте се 10-тина минути.

3. Омекнување и навлажнување на кожата

Пред легнување премачкајте ги стапалата со вазелин или маслиново масло и ставете си памучни чорапи. Легнете да спиете.

За да ја избегнете појавата на сува испукана кожа на петите, потребно е редовно да ја навлажнувате и омекнувате кожата. Купете си соодветен крем и премачкувајте ги петите секоја вечер.

Совет

Доколку петите ви се премногу испукани, а понекогаш имате и рани, побарајте стручна помош.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.