Не се само жените жртви на ниска самодоверба во спалната како резултат на дебелината. И кај мажите изгледот на телото влијае врз сексуалниот живот. Британско истражување покажа дека секој трет маж има помала самодоверба во спалната кога ќе му се зголемат килограмите.
Анџелина Џоли вчера уште еднаш покажа зошто секогаш се вбројува меѓу најубавите жени на светот. На руската премиера на нејзиниот најнов филм Salt, таа ја замени својата омилена црна облека со заносно убав црвен фустан на Версаче и грациозно ги освои погледите на обожавателите.
На лондонската премиера на филмот „Knight and Day“, Том Круз (170cm) изгледа повисок од Камерон Дијаз (175cm), иако таа носи обувки со потпетици од барем 10cm!
Само еден месец откако ја објавија својата свршувачка, Орландо Блум и Миранда Кер го кажаа судбоносното „да“ на интимна церемонија далеку од будното око на папараците. Честито на убавиот пар!
Вчера својата премиера на Vevo ја доживеа спотот за „You Lost Me“ на Кристина Агилера. „You Lost Me“ е моќна балада, а спотот е многу емотивен. Погледнете го.
Вчера Facebook објави дека 500-милионитиот член се регистрирал на социјалната мрежа. Пред две години, Facebook имаше 100 милиони корисници, а денес – само бројот на дневно склучени пријателства изнесува 115 милиони! Прочитајте неколку интересни факти и статистики за корисниците на најголемата социјална мрежа.
Кристина Еплгејт има за што да се радува. 38-годишната актерка, која успеа да се пребори со рак на дојка, го очекува своето прво дете со свршеникот Мартин Ленобл.
Можеби романтичните комедии се одлични за релаксација, но истражувањата покажале дека влијаат многу лошо врз врските во реалниот живот. Австралиско истражување открило дека ваквите филмови направиле луѓето да започнат да се прашуваат зошто нивните врски не се така забавни и исполнети со вечна среќа како што се врските на екраните.
Британски истражувачи дошле до заклучок дека жените се многу подобри во запазувањето на роковите и пристигнувањето на работа навреме, отколку мажите. Припадниците на посилниот пол често се борат со организираноста, а и забораваат да возвраќаат на телефонски повици.
Линдзи Лохан пристигнала во женскиот затвор Century Regional Detention Facility во Калифорнија, а во текот на нејзиното спроведување останатите затворенички бурно ја бодреле и викале „Те сакаме“.
Во трговски центар во Кина е отворена специјална продавница каде што жените можат да го истурат својот бес врз домаќински апарати со помош на бејзбол палки.
Британците Бен и Ангела останале вчудоневидени кога се родило нивното трето дете, затоа што иако и двајцата се припадници на црната раса, нивната мала ќеркичка се родила со светла кожа, сини очи и руса виткана коса.