• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Преслаба 15-годишна девојка e победничка на „Elite Model Look“

7 декември 2011, 15:14
  • cподели

Јулија Шнајдер победи на овогодинешниот натпревар „Elite Model Look“. 15-годишната Швеѓанка беше прогласена за победничка вчера во Шангај.

И додека некои го поздравија изборот на младата русокоса, други ги истурија своите критики поради нејзината преслаба фигура.

Јулија ШнајдерЈулија Шнајдер
Јулија Шнајдер Јулија Шнајдер

Иако Јулија најверојатно е слаба поради возраста, гените и долгогодишното занимавање со хокеј на мраз, се смета дека нејзиното појавување во рекламни кампањи ќе ги поттикне младите девојки во светот да го негуваат таквиот слаб изглед.

„Швеѓанката Јулија Шнајдер изгледа повеќе како модел на анорексија, а не како стилски модел кој модната индустрија треба да го стави на пиедестал како стандард за споредување... Скелетите се наменети за да скокаат од плакарите, а не на модните писти. Зошто само на машките модели им е дозволено да имаат возрасна форма на телото?“ – пишува критички настроена блогерка.

Јулија Шнајдер Јулија Шнајдер Моделите на натпреварот на Elite Model Look Моделите на натпреварот на Elite Model Look Моделите на натпреварот на Elite Model Look

Elite Model Look е еден од најпрестижните натпревари за убавина, чија цел е да пронајде нови модели и да им помогне да се пробијат во светот на модата.

Само пред неколку дена „Вог“ Италија собра огромни критики поради објавувањето на фотографија од Карли Клос на која нејзиното тело изгледа преслабо.

Карли КлосКарли Клос за Вог Италија

Фотографијата на левата страна беше отстранета од сајтот на Вог, а денес стана јасно дека токму таа фотографија се користи на сајтови за анорексија кои ги поттикнуваат девојките да се изгладнуваат.

Tags
Elite Model Look
слаби манекенки

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.