Модниот бренд United Bamboo и оваа година го издаде својот календар со мачки облечени во нивни креации. Погледнете како 12-те мачки и мачори гордо позираат во модерната облека.
Џулија Робертс влезе во улогата на муза на Ботичели во новата реклама на брендот Lavazza. Без да изговори ниту еден збор, Џулија заработи 1,2 милиони евра од „рајската“ реклама во којашто ја покажува својата широка насмевка. Погледнете го видеото.
Ен Хатавеј и Џејмс Франко ќе бидат водители на 83-тото по ред доделување на наградите Оскар. Се верува дека младите актери се избрани за водители со цел да привлечат помлада публика.
Во период од 6 месеци Марк и Дениз Дафилд-Томас стапија во брак дури 85 пати на различни егзотични места, бидејќи беа избрани да тестираат локации за свадби и патувања за меден месец. Прочитајте повеќе.
Познатиот француски слаткар Партик Роже успеа да направи чоколадна божиќна елка висока 10 метри. Слаткото дрво ќе биде искористено за собирање на парични средства за добротворни цели.
Алиша Кис, Лејди Гага, Џастин Тимберлејк, Ким Кардашијан и Ашер се дел од холивудските ѕвезди кои ќе се откажат од својот дигитален живот, т.е. активноста на Facebook и Twitter, за да соберат пари за хуманитарни цели.
Познатиот актер Лесли Нилсен почина на 84-годишна возраст. Неговиот агент потврдил дека Лесли починал вчера како последица на компликации предизвикани од пневмонија.
Само еден ден откако беше пуштен во продажба неговиот албум „My Worlds Acoustic“, Џастин Бибер го објави и спотот за хитот „Pray“. Погледнете го видеото.
Рекламата „Embrace Life - always wear your seat belt“ е прогласена за YouTube реклама на годината на доделувањето на Campaign Media наградите. Креативноста и емоционалниот елемент кои оваа реклама ги има во себе ги освоија срцата на многу луѓе ширум светот. Погледнете го видеото.
Шпански научници тврдат дека кафето има многу посилен ефект врз работата на мозокот ако се консумира во комбинација со шеќер. Ако не сте обожавател на кафе со шеќер, тогаш заедно со кафето каснете некое мало колаче и ќе бидете подготвени да се фрлите на работа.
Колку и да се мотивирани на почетокот, жените брзо ја губат волјата за слабеење и најголем дел од нив не остануваат на диета повеќе од 8 дена, покажа ново истражување.
Истражување на Светската здравствена организација за првпат објави податоци за ефектот од пасивното пушење во глобални рамки. Шокантните податоци велат дека годишно умираат повеќе од 600.000 луѓе како резултат на пасивното пушење, а од нив 165.000 се деца. Прочитајте повеќе.