• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Сара Џесика Паркер во „Жените во Холивуд“ на „Elle“

4 октомври 2012, 12:51
  • cподели

Сара Џесика Паркер е на насловната страница на специјалното издание на списанието „Elle“, насловено „Жените во Холивуд“.

Сара Џесика Паркер

Изданието е посветено на девет жени кои оставиле свој отпечаток во филмската индустрија. Освен Сара Џесика Паркер, во изданието добиле свое место и Ема Вотсон, Октавија Спенсер и Ел Фенинг.

Сара Џесика Паркер позира во фустан со отсечоци од модната куќа Келвин Клајн. Популарната актерка откри дека никогаш повеќе не би прифатила улога слична на Кери Бредшо. „Не ми се допаѓа идејата да глумам друга жена со несовршености, која обожава мода и живее во Њујорк. Ја сакав Кери и не сакам да правам полоша нејзина верзија“ – изјавила таа.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Ема Вотсон: „Од моментот кога ја прочитав „Harry Potter and the Sorcerer's Stone“, знаев дека ми било судено да бидам во таа улога. Гледав еден од филмовите пред некој ден. Ми изгледа неверојатно дека сум го направила сето тоа. Морам да се потсетувам одвреме-навреме.“

Ема Вотсон

Октавија Спенсер: „На почетокот на кариерата, морав да му се спротивставам на еден продуцент – нема да кажам кој, но тој е славен, славен. Пред стотина души му реков: Не ме познаваш доволно за да можеш да ми се обраќаш со таков тон... Потоа истрчав во тоалетот и плачев како бебе. Но, тој никогаш повторно не ми се обрати така. А е познато дека сака да вреска.“

Октавија Спенсер

Ел Фенинг: „Не можам да се сетам каков бил мојот живот без филмови. Растењето во Холивуд не е толку различно. Правам филмови на ист начин како што другите деца играат тенис или одат на часови по пијано. Се обидувам да бидам сè подобра во она што го правам, исто како што другите деца се обидуваат да бидат подобри во тоа што го прават.“

Ел Фенинг
Tags
Сара Џесика Паркер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.