Новите парфеми „Intimately Beckham Yours“ од Дејвид и Викторија Бекам се дизајнирани за да ја доловат нивната страст и моќта на нивната врска. Затоа, Бекамови решија да ги промовираат новиот машки и женски мирис со секси реклама во која двајцата имаат жешка средба во лифт. Погледнете го видеото.
Бивши член на обезбедувањето на Бритни Спирс поднесе тужба во која тврди дека поп пејачката му нанела емоционални лузни со тоа што го раскривала своето голо тело пред него, го навредувала и му се заканувала дека ќе го отпушти.
Денес беше премиерата на новиот сингл на Ријана „Only Girl (In The World)“, којшто ќе биде дел од нејзиниот нов албум „Loud“. Слушнете ја енергичната песна што ја најави трансформацијата на Ријана.
Француски научници тврдат дека штетата од сончевата светлина што продира преку стакло може да биде толку голема, што по одредено време делот од лицето што бил изложен на сонце ќе изгледа 7 години постаро од останатиот дел од лицето.
Психолозите тврдат дека студентите кои користат Facebook додека учат добиваат пониски оценки во споредба со студентите кои не ја користат оваа социјална мрежа. Ново истражување покажало дека користењето на Facebook може да ги намали оценките на студентите со 20%.
Со своите 70 сантиметри, младиот Колумбиец Едвард Нињо Ернандез успеа да добие сертификат од Гинисовата книга на рекорди со кој се потврдува дека е најнискиот човек во светот. Погледнете го.
Познатиот англиски фудбалер Вејн Руни многукратно ја изневерувал својата сопруга со проститутка, дури и во периодот кога таа била бремена со нивното прво дете.
Преку Twitter, Кание соопштил дека напишал песна за Тејлор Свифт со која уште еднаш сака да ѝ се извини за скандалот од минатогодишното доделување на MTV VMA наградите.
„If You Go Away“ не е ниту нова, ниту оригинална песна на Мадона, но досега никогаш не била објавена. Прекрасната балада е англиска верзија на „No Me Quitte Pas“ од Жак Брел. Слушнете ја.
По четири години брак, Шерил и Ешли Кол официјално се разведоа. Славната поп пејачка и англискиот фудбалер се разделија уште во февруари, кога Ешли беше јавно обвинет дека ја изневерува својата сопруга.