Кристијано Роналдо стана татко на машко дете. На неговиот веб сајт и на неговите страни на Facebook и Twitter вчера вечерта се појави соопштение од самиот Роналдо во коешто тој објавува дека станал татко, но не го открива идентитетот на мајката на бебето.
Слушнете го новиот сè уште необјавен албум на Кајли Миног плус две други песни кои не се дел од албумот и шпанската верзија на популарната „All The Lovers“ – „Los Amores“.
Научниците тврдат дека не е сè во парите и дека парите можат да ви донесат само малку среќа. Најголемото истражување во оваа област покажало дека богатството го подобрува квалитетот на живот и го зголемува задоволството, но многу малку влијае врз расположението.
Шармантната актерка Оливија Вајлд е прогласена за најсекси вегетаријанка за 2010-та година од страна на организацијата за заштита на правата на животните ПЕТА. Од машките вегетаријанци, за најсексапилен беше прогласен личниот тренер Боб Харпер.
Бритни Спирс во соработка со Candies креираше колекција на облека и модни додатоци. Погледнете ја модната ревија на која беше претставена новата колекција на Бритни.
Лејди Гага позираше како маж за фотографот Ник Најт. Фотографиите на кои е прикажана Гага во машка облека треба да се појават во септемвриското издание на Vogue Hommes во Јапонија. Погледнете ги.
Истражување на компанијата Philips покажало дека мажите почесто им создаваат стрес на жените и им го покачуваат крвниот притисок, отколку обратното. 58% од учесниците изјавиле дека нивниот партнер е меѓу луѓето кои им создаваат стрес, а само 43% го кажале истото за нивните менаџери.
„Форбс“ ја објави овогодишната листа на најмоќните личности од светот на шоу-бизнисот. Опра Винфри, Бијонсе, Лејди Гага, Бритни Спирс и Џејмс Камерон се во првите 10. Погледнете кој друг успеа да си обезбеди место на листата.
Американските медиуми денес објавија дека Меган Фокс и Брајан Остин Грин тајно стапиле во брак. Младиот пар не чекаше долго по втората свршувачка и го кажа судбоносното „да“ на интимна церемонија во Хаваи.