Високиот шлиц на Ања Рубик на балот МЕТ предизвика лавина од негативни коментари. Преслабата манекенка ги покажа истакнатите коски на колкот и отсуството на долна облека, па многумина не успеаја да ги голтнат острите забелешки и критики. Погледнете го разголениот фустан на Ања.
Бијонсе беше една од ѕвездите кои дефинитивно го грабнаа вниманието на вчерашната гала вечер во музејот „Метрополитен“ во Њујорк. 30-годишната пејачка со став на вистинска дива носеше драматичен фустан на Живанши од колекцијата висока мода. Погледнете ја Бијонсе на црвениот тепих.
Синоќа Њујорк беше домаќин на „најголемата модна ноќ“, која е спој на историја, уметност и мода. Погледнете што носеа ѕвездите како Бијонсе, Ријана, Алиша Кис, Џесика Алба и Скарлет Јохансон на гала вечерата во музејот на уметноста „Метрополитен“.
Џенифер Лопез, Камерон Дијаз, Бруклин Декер, Елизабет Бенкс и Ана Кендрик ја красат насловната на „Redbook“. Ѕвездите од филмот „What To Expect When You're Expecting“ позираа заедно, а во интервју споделија некои од своите ставови и искуства поврзани со мајчинството. Погледнете ги фотографиите.
Нашата најпозната манекенка, Катарина Ивановска, уште еднаш позираше за модниот шведски бренд „H&M“. 23-годишната убавица изгледа прекрасно во дел од летната колекција. Погледнете ги фотографиите.
Жељко Јоксимовиќ го објави официјалниот спот за песната со која ќе ја претставува Србија на Евровизија 2012. Во видеото, Ненад Махмутовиќ, победник во шоуто „Јас имам талент“, користи знаковен јазик за да го доближи текстот на песната до оние кои имаат оштетен слух. Погледнете го видеото тука.
Аналин МекКорд секогаш изгледа прекрасно, но младата актерка им покажа на своите фанови дека во Холивуд никој не е така совршен како што ни се чини. 24-годишната ѕвезда објави своја фотографија без шминка, на која јасно се гледаат акните на нејзиното лице. Погледнете ја фотографијата тука.
Невообичаените луксузни градби во Дубаи отсекогаш примамувале со својата екстравагантност. Новото чудо на модерната архитектура ќе биде подводниот хотел „Water Discus“. Погледнете како ќе изгледа.
Томица Стојковиќ има само 12 години, а веќе стои исправен пред проблемите на животот. Ние можеме да помогнеме да ги преброди за да продолжи да живее и да има среќно детство, како што заслужуваат сите деца. ДА ДОНИРАМЕ – БЛАГОДАРНИ ЌЕ НИ БИДАТ ТОМИЦА И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ