• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Ново од Eucerin: HYALURON-FILLER CC дневен крем со тројно подмладувачко дејство

10 ноември 2015, 16:10
  • cподели

Од лабораториите на медицинската козметика Еуцерин, оваа есен ни пристигна новиот Eucerin HYALURON-FILLER CC дневен крем против брчки, наменет за сите остроумни жени кои сакаат да ги намалат брчките и да имаат изедначен тен на кожата. Станува збор за прв и единствен подмладувачки CC крем на нашиот пазар со троен ефект на синтеза на хијалуронска киселина, клинички тестиран кој обезбедува брз, безбеден и долготраен природен изглед на кожата.

Еуцерин

Содржи уникатна високо ефикасна формула која комбинира хијалуронска киселина и сапонини (природен екстракт од никулците на соја) која ја стимулира сопствената синтеза на хијалуронска киселина во клетките на кожата, исполнувајќи ги и најдлабоките брчки од внатре и изедначувајќи го тенот.

Еуцерин

За таа цел денес пред поголем број на медиуми и фармацевти презентација за правилната нега на возрасната кожа одржа д-р Соња Петрушеска специјалист – дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин. Таа истакна: “Баерсдорф континуирано ги следи потребите на современите и активни луѓе и им излегува во пресрет на нивните потреби за нега на кожата. Овој пат како новитет од Баерсдорф ги имаме ЦЦ кремите кои се дополнување на хијалурон филер линијата. Новите 2 производи ефикасно ја подмладуваат кожата и истовремено комплетно ги прекриваат нејзините несовршености.

Хијалуронската киселина и сапонините кои ги има и во останатите производи од хијалурон филер линијата, ефикасно и брзо ги пополнуваат дури и подлабоките брчки, а обоените пигменти ја прекриваат нарушената пигментација и другите неправилности на кожата и ѝ даваат изедначен и свеж изглед. Кремите се достапни во две нијанси – светла која одговара за нега на многу светла кожа и потемна нијанса која одговара за нега на кожа каква што има поголем дел од населението кај нас во Македонија.

Во производите има и СПФ 15 и УВА-филтри кои го спречуваат предвременото фотостареење на кожата и појавата на брчки. Новите производи се веќе достапни во сите подобро снабдени аптеки во Македонија”.

Присутните на настанот имаа можност да поставуваат прашања, да ја пробаат кремата, и да добијат различни дерматолошки совети.

Д-р Петрушевска објасни дека додавката CC (Complexion Correction/Color Correction), претставува напредна и подобрена верзија на BB крем, лесна и брзоапсорбирачка крема која ги прекрива несовршеностите на кожата и дава мазен и изедначен тен/сјај, ја измазнува кожата, го намалува црвенилото и ги намалува порите. Овој медицински козметички производ може да се користи и како основа за шминка за жени кои преферираат природен тен.

Еуцерин Еуцерин Еуцерин

Станува збор за навистина иновативен производ од колекцијата Еуцерин Hyaluron-Filler, која воедно е една од најпродаваните колекциите против стареење на кожата во Европа која содржи дневен крем за сува кожа, за комбинирана кожа, ноќен крем, крем за околу очи и концентрат.

Кожата е огледало на убавината и здравјето, и токму затоа треба постојано да се грижиме за неа!

Комерцијален текст

Tags
Еуцерин
Eucerin

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.