• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ново на нашиот пазар ‒ пренатален тест во кој учествуваат и татковците

14 март 2022, 11:53
  • cподели

Авицена Лабораторија го донесе на македонскиот пазар најсеопфатниот неинвазивен пренатален тест од најновата генерација ‒ VERAgene, кој нуди пренатална анализа на микроделеции, анеуплоидии и 100 моногенетски заболувања кај плодот за време на бременоста.

VERAgene има супериорни перформанси во споредба со останатите неинвазивни пренатални тестови што се достапни на нашиот пазар, а претставува единствен скрининг тест што ги вклучува двајцата родители и што детектира над 100 моногенетски болести.

VERAgene

Моногенетските болести за кои се врши скрининг тестот VERAgene често се поврзуваат со тешки состојби и со значително влијание врз квалитетот на животот. Најчесто се манифестираат со симптоми, како што се вродени аномалии, доцнење во развојот, губење на слухот, слепило, метаболички нарушувања и многу други.

Неинвазивните пренатални тестови се присутни повеќе години во нашата држава, а сè повеќе трудници се одлучуваат на овој начин да добијат информации за здравјето на своето бебе. Овој скрининг метод може да помогне да се избегнат инвазивните процедури, како што е аминоцентезата и истовремено даваат точни одговори на многу прашања што ги мачат сите идни мајки.

Пренаталните тестови се, пред сè, многу удобни за трудницата и, што е најважно ‒ тие се целосно безбедни и за мајката и за бебето. Од исклучително мал примерок од венската крв на мајката, со анализа на ДНК на бебето што циркулира во крвта на мајката, може точно да се процени здравствената состојба на бебето во најраната фаза од бременоста.

VERAgene

„Со VERAgene отвораме ново поглавје во пренаталниот скрининг, бидејќи со користење нова генерација генетско секвенционирање и биоинформатичка анализа се откриваат потенцијални генетски мутации кај родителите што може да се пренесат на плодот за време на бременоста. Моментално на нашиот пазар, тестот претставува најсеопфатно решение за идните родители. Може да го направи секоја трудница почнувајќи од десеттата недела на бременоста, а потребно е само да ги посетат нашите лаборатории, каде што нашиот стручен тим ќе земе примерок крв од мајката и брис од биолошкиот татко. Прикладен е за близначка бременост, како и за бремености по пат на вештачко оплодување“, изјавуваат од Авицена Лабораторија.

Резултатите од VERAgene, трудниците може да ги очекуваат за 7 работни дена и може лично да ги подигнат во Авицена Лабораторија.

За подетални информации во врска со тестот, посетете ја веб-страницата на Авицена Лабораторија www.avicenalab.com.mk.

Комерцијален текст

Tags
VERAgene
пренатален тест
Авицена лабораторија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.