• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ново изненадување! 23-годишната Мили Боби Браун и синот на Џон Бон Џови го посвоија второто дете

18 септември 2026, 09:18
  • cподели

Мили Боби Браун и нејзиниот сопруг Џејк Бонџови ја изненадија јавноста со нова прекрасна вест.

Речиси една година откако станаа родители, 23-годишната актерка и 24-годишниот актер го проширија семејството со уште едно бебе. Двете нивни деца се посвоени.

Ѕвездата од „Stranger Things“ и синот на музичарот Џон Бон Џови ја споделија и првата фотографија од нивното бебенце, откривајќи дека станува збор за момче.

На заедничката фотографија објавена на Instagram се гледа малата рака на бебето, а гордите родители напишаа: „Здраво, малечок!“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Millie Bobby Brown (@milliebobbybrown)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Millie Bobby Brown (@milliebobbybrown)

Во август 2025 година, Мили ја изненади јавноста со веста дека со Џејк станале родители на девојче.

„Ова лето, ја добивме нашата мила ќеркичка преку посвојување. Превозбудени сме што го започнуваме ова следно поглавје на родителството во мир и приватност... И тогаш станавме тројца“ - напиша тогаш актерката.

Мили Боби Браун и Џек Бонџови

Мили и Џејк се венчаа во 2024 година на интимна церемонија, а само една година подоцна го проширија семејството.

Мили Боби Браун и Џејк Бонџови

Мили во минатото отворено зборуваше за желбата да посвојува деца. Во неодамнешно интервју, таа откри дека посвојувањето отсекогаш било дел од нејзините детски соништа, покрај желбата еден ден да има и биолошки деца.

Tags
Мили Боби Браун
Џејк Бонџови

Најнови

  • „Човече, иста е!“: Северина одржа концерт маскирана како Лара Крофт, фановите ја споредија со Анџелина Џоли

    Mon, 11/02/2026 - 14:50
  • Џенифер Лопез, Селин Дион, Џорџина Родригез... Маските на славните за Халовин 2026

    Mon, 11/02/2026 - 14:00
  • „За мојот Ристо, за нашата надеж, за нашиот живот“: Емотивен апел на сопругата на 33-годишниот битолчанец болен од рак

    Mon, 11/02/2026 - 13:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.