• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Носталгија, полна арена во бело, аероакробации: Спектакл на Јован Јованов и Елвир Мекиќ за кој долго ќе се зборува

8 јуни 2026, 13:16
  • cподели
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ

По неколкумесечни подготовки за настапот со видео ефекти, танчари на секоја песна, аероакробации, по 4 сменети аутфити за двајцата, Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 06.06 го одржаа големиот концерт во Скопје и поставија нови стандарди за тоа како треба да изгледа концерт на еден македонски артист.

Скоро два часа пееја, танцуваа, беа активен дел од секоја кореографија, комуницираа со публиката, а и самите се забавуваа додека беа на бина.

Љубовта што ја добија од публиката додека ги пееја „Слаба точка“, Адреналин“, „Некаде после 2“, „Магија“, „Опасно“, „Ти ме сакаш знам“, „Итно ми требаш“... им ја вратија двојно на своите фанови, со секоја следна песна.

Арената Борис Трајковски беше преполна, и повеќето гости дојдоа облечени во бело, според дрес кодот и идејата на Јован и Елвир оваа ноќ да биде вистинска „сензација во бело“.

 

Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ

Атмосферата дополнително се вжешти од енергијата со која тие владееја со сцената.

Се преоблекоа по четирипати, во костуми кои за нив специјално ги дизајнираше Андреј Папаз, а кои визуелно одлично се вклопија во целата концертна приказна.

Визуелниот дел беше нагласен и со алките кои им беа поделени на посетителите на влезот во арената, а кои потоа ги менуваа боите во текот на концертот и ја боеја салата во црвена, зелена, сина, розова боја.

Настапот на танчарите од неколку танцови студија, на девојките и момците кои и преку аудиција беа избрани да играат со Јован и Елвир на концертот, но и танчарите дојдени од Белград, се уште еден доказ за професионалноста на целиот проект, каде секој момент беше испланиран до последната секунда.

Првпат на концерт на македонски артисти имаше и аероакробации, а девојките кои танцуваа во воздух, предизвикаа воодушевување кај публиката.

Сето ова, дополнето со гостите, кои се дел од музичката приказна на Јован и Елвир низ годините - Врчак, Адријан Гаџа, Маја Саздановска, Слаѓа Делибашиќ, Џус, Тони Зен и Пајак, ја врати публиката назад во времето, во 2000-тите и ја разбудија носталгијата кај повозрасните, но ги одведоа и помладите во времето во кое растеле нивните родители.

Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Раде Врчаковски Врчак

Фото: Горан Десковски

Tags
Јован Јованов
Елвир Мекиќ

Најнови

  • Електрични тротинети Xiaomi

    Слободата на движење започнува овде: серијата Xiaomi Scooter 6 носи нова димензија на градското возење

    Mon, 06/08/2026 - 14:27
  • Земјотрес на Филипини

    Паника, деца во солзи, рушење на згради... застрашувачки видеа од разорниот земјотрес на Филипини кој одзеде најмалку 32 животи

    Mon, 06/08/2026 - 13:59
  • Ајкула

    Голема бела ајкула за првпат снимена под вода во Медитеранот

    Mon, 06/08/2026 - 13:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.