• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Ноќно мокрење во детската возраст

2 јули 2014, 08:44
  • cподели

Во детската возраст ноќното мокрење претставува многу чест проблем.

Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после петтата година. Според податоци од литературата, на возраст од 5 години секое четврто дете има енуреза, а при тргнување во училиште секое десетто има ноќно мокрење.

Ноќно мокрење

Кај децата со енуреза функцијата на бешиката е нормална, празнењето на бешиката е комплетно и се случува без волја на детето во ноќните часови.

Во текот на денот детето е суво и нема уринарни инфекции.

Причини за ноќно мокрење

Најзначајни причини се: генетски фактори, цврст сон, зголемено создавање мокраќа во текот на сонот или релативно мал капацитет на бешиката.

Доколку двајцата родители имале ноќно мокрење, веројатноста нивните деца да го имаат истото е дури 75%.

Во последните десетина години се идентификувани неколку гени одговорни за ноќното мокрење.

Ноќно мокрење

Сонот кај тие деца е многу цврст и веднаш по разговорот со родителите се добива податок за отежнато будење на детето.

Кај голем дел од децата има зголемено создавање на урина во текот на ноќните часови заради лачење на вазопресин, кој се лачи на ниво на мозокот и кој делува на бубрегот и ја регулира количината и густината на мокраќата во сон.

Лекување

Деца со енуреза треба да се лекуваат.

Енурезата не е последица на психолошки проблем на детето и затоа е потребно лекувањето да се започне навреме, за да не дојде до развој на емотивни и социјални пореметувања. Децата со енуреза се обидуваат да го скријат проблемот од околината, се повлекуваат во себе, чувствуваат несигурност и избегнуваат контакт со другарчињата.

Енурезата е проблем на цела фамилија, затоа е потребно рано лекување за одржување на хармонијата во семејството.

Децата треба да се однесат на педијатар нефролог кој ќе направи одредени испитувања за да утврди за кој тип енуреза се работи и потоа ќе започне со лекувањето.

Ноќно мокрење

Оптимално време за почеток на терапијата е пред започнување на одење на детето во школо (5-6 годишна возраст).

Изборот на терапија зависи од природата на основното пореметување кое довело до енуреза, а современата терапија е заснована на препораките на Светската здравствена организација.

Лекувањето се спроведува со редовни контроли кај педијатар.

Клиника за Детски болести
Нефрологија

Д-р В. Тасиќ
Д-р Н. Ристоска-Бојковска

Tags
ноќно мокрење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.