• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Ништо не е невозможно“: Девојка со церебрална парализа ги изненадува докторите кои велеле дека никогаш нема да оди

21 јануари 2022, 09:27
  • cподели

Девојка со церебрална парализа преку социјалните мрежи ги потсетува луѓето дека ништо не е невозможно и дека никогаш не треба да се откажуваат.

Тиџа Родригез ја добила дијагнозата по раѓањето, а докторите им рекле на нејзините родители дека таа ќе биде како растение, дека никогаш нема да оди, да зборува или да прави нешто во животот. За среќа, 22-годишната девојка секојдневно им докажува дека грешеле и смело ги надминува пречките на нејзиниот пат.

Тиџа Родригез Тиџа Родригез Тиџа Родригез Тиџа Родригез
View this post on Instagram

A post shared by Our Little Preemie ®️ (@ourlittlepreemie)

Тиџа студира психологија, авторка е на детска книга и е ѕвезда на Instagram каде секојдневно инспирира илјадници луѓе кои го следат нејзиното патување.

„Тоа што имам церебрална парализа, не значи дека сум различна. Сакам сите да знаат дека луѓето со церебрална парализа се многу паметни и дека сме способни за сè“ – вели таа.

Додека растела, Тиџа имала една голема желба – да може да оди самостојно, а сега е на добар пат да го постигне тоа. Во август, упорната девојка објави видео од моментот кога направи 16 самостојни чекори за првпат во животот. Иако во најголем дел од времето кога се движи, го прави тоа со помош на инвалидската количка, таа не се откажува од сонот да оди самостојно и напорно работи за тоа.

„Сакам сите да знаат дека НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО и дека никогаш не треба да се откажуваме од соништата. Нема да запрам додека не започнам да трчам“ – напиша во видеото.

Тиџа Родригез Тиџа Родригез
View this post on Instagram

A post shared by Tajia Rodriguez (@tajias_journey)

„Морам да работам многу напорно за нештата кои луѓето ги земаат здраво за готово. Тоа може да е нешто едноставно како собирање на косата во коњско опавче. Благодарна сум што можам да го направам без разлика колку голем предизвик е за мене. Церебралната парализа ти дава различен поглед кон животот. Научив да ги ценам и славам и најмалите постигнувања.“

„Одењето е нешто што многу луѓе не го ценат. Но, кога си како мене... Одењето за мене е сон“ – вели Тиџа.

Тиџа Родригез Тиџа Родригез

Но, нејзиниот пат не е секогаш лесен и таа честопати наидува на исмевање и осудување од околината.

„Нема да лажам дека се грижам за сите деца. Им велам на моите родители: ‘Зошто овие деца ми се смеат?’ или ‘Зошто не сакаат да ми бидат другари?’ Понекогаш многу плачам кога ги гледам моите пријатели. Сите возат и излегуваат со сите нивни пријатели. Не велам дека не можам да го правам сето тоа, но малку е потешко за мене.“

„Се надевам дека кога луѓето ќе ме сретнат првпат ќе ме прашаат да им раскажам нешто повеќе за мене. Дека ќе одделат време да ме запознаат пред да ме осудуваат. Сите мали деца во мојата фамилија, поради мене научија да ги прифаќаат сите што се различни. Никогаш не би исмејувале некој со хендикеп.“

Тиџа Родригез Тиџа Родригез

„Животот е онаков каков што самите ќе си го направиме. Сите минуваме низ нешто во животот. Сите имаме различни предизвици, некои се поголеми од другите. Но, сите тие се предизвици и мораме да се бориме низ нив и да уживаме во животот и во семејството и да се сакаме себеси, бидејќи сите сме совршени“ – вели инспиративната девојка.

Тиџа Родригез Тиџа Родригез
Tags
церебрална парализа

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.