• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Никола Мицевски со концерт во Битола по објавувањето на новиот сингл „Impulse“

6 декември 2022, 08:40
  • cподели

Никола Мицевски го најави својот прв солистички концерт.

Извонредниот музичар, композитор, аранжер…човекот кој моќно стои зад клавијатурата на концертите на најпознатите македонски музички ѕвезди и е дел од музичките записи на нивните легендарни песни, на 9 декември ќе одржи музичко шоу во родната Битола за да го промовира албумот „New Era".

Концертот е со почеток во 20 часот на сцената од Големата сала на Центарот за култура. Мицевски ќе настапи заедно со 15 врвни музичари, кои се негови долгогодишни соработници.

Никола Мицевски

Идеите на Никола, за мешавина на балканските традиционални народни ритми и мелодиите со Западот, преточени преку модерните музички стилови на џез, фанк и музика од светот како посебен жанр, ќе имате шанса да ги слушате во живо на големата концертна сцена, преку една бројна и моќна музичка формација на неговите избраници.

Авторската музика на Никола Мицевски претставува еден сосем автентичен и нов пристап на фузија на жанрови, а на квалитетниот звук нема да останат имуни оние кои ќе дојдат на првиот концерт во Битола, а на стартот на новата 2023 година и во Скопје.

Непосредно, пред првиот концерт кој е овој петок, Никола Мицевски го деновиве го промовираше третиот сингл „Impulse“ од албумот „New Era“.

Со неговиот пристап кон македонската современа музика, која може слободно да парира на светските изданија од крајот на 20 и почетокот на новиот милениум, само потврдува дека е една поврзувачка карика на македонскиот со светскиот звук, токму заради таа фузија и внесување на новини во користењето на македонските и балканските мотиви на непосреден и искрен начин, надвор од клишеата кои се калемеле музички на овие простори.

„На концертот посветен на промоцијата на албумот „New Era„ сум среќен што на сцената ќе донесам една елитна екипа на навистина феноменални и талентирани музичари од овие простори. Со нетрпение очекувам да го претставам новиот материјал прво пред мојата битолска публика, зошто токму во Битола ја започнав својата музичка кариера. Ова ќе биде прв концерт, од ваков профил и сметам дека е важно да се искуси магијата на уживање во живо на музиката која зрееше во мене, подолг низ на години. Јас сум музичар кој континуирано создава и настапува, но таа музичка нитка, тој развој на идејата за „New Era„ има некој свој мој интимен континуитет, на фаза која преку енормното богатство на клавијатурите и сите придружни инструменти ја подарувам на публиката, која сум сигурен дека слушачки ќе ужива“ - изјави Мицевски пред концертот.

Никола Мицевски

Проектот „New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти. Едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика.

Од албумот „New Era“ досега се објавени три музички дела: „Impulse“, „Circle“ и „Time“.

Tags
Никола Мицевски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.