• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Никола Јокиќ тежи стотици милиони долари, а ужива со ќеркичките на базен каде влезот чини само 100 денари

23 јули 2026, 09:13
  • cподели

Славата и богатството не го промениле Никола Јокиќ. 

Иако е еден од најдобрите кошаркари во светот и заработува стотици милиони долари, летниот одмор повторно го поминува во родниот крај, далеку од луксузните јахти и егзотичните ресорти кои би ги избирале многу спортски ѕвезди.

Јокиќ деновиве беше фотографиран на јавниот базен во Кљајиќево во близина на Сомбор, каде уживаше во друштво на семејството и пријателите. Голем дел од времето тој поминал учејќи ги ќеркичките како да пливаат.

Фотографијата на X ја сподели Билјана Лукиќ која напиша:

Никола Јокиќ вчера беше забележан на јавниот базен во Кљајиќево, недалеку од Сомбор.
Јокиќ уживаше во друштво на семејството, пријателите, а најмногу со децата...

Магичниот Никола!!! 😎✨👑

Nikola Jokić viđen juče na javnom bazenu u Kljajićevu, nedaleko od Sombora. 
Jokić je uživao u društvu porodice i prijatelja, a najviše dece...

Magični Nikola !!! 😎✨️👑 pic.twitter.com/a3kdQC0XgO

— Biljana Lukić (@LukicBixilux) July 21, 2026

Интересно е што влезницата за базенот чини само 200 динари за возрасни, односно околу 100 денари, додека за децата цената е 150 динари (околу 80 денари).

Ова не е првпат Јокиќ да избере едноставен начин на одмор. И кон почетокот на ова лето беше на традиционален рафтинг на реката Тара, а познато е дека секогаш кога има слободно време се враќа во Сомбор.

Никола пред неколку недели ја доби поддршката од ќеркичките и сопругата на натпреварот со Босна и Херцеговина.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nikola Jokic | 🃏 (@jokicnikolaofficial)

По летната пауза, Јокиќ повторно ќе ги облече боите на српската репрезентација во продолжението од квалификациите за Светското првенство, а потоа ќе им се приклучи на Денвер Нагетс во подготовките за новата НБА сезона.

Tags
Никола Јокиќ

Најнови

  • Едита Арадиновиќ

    Се породи Едита Арадиновиќ: Прва фотка со ќерката која доби уникатно име

    Thu, 07/23/2026 - 10:58
  • „Сè изгледаше како сон од кој не сакав да се разбудам“: Александра од Свети Николе за романтичниот предлог за брак пред Ајфеловата кула

    Thu, 07/23/2026 - 10:21
  • Анѓелка Прпиќ

    Анѓелка Прпиќ гордо ги покажа брчките: „Тие сведочат за сè што сме преживеале“

    Thu, 07/23/2026 - 09:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.