• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Никогаш нема да знам како изгледа истоштеноста како што знае една Мајка“: Маж со скапоцен совет до татковците

21 септември 2021, 10:58
  • cподели

Татко преку краток текст испраќа важна порака до мажите – да се вклучат повеќе во домашните обврски.

Пол Барбаро го напишал текстот кога неговата сопруга Адел била болна и истоштена, но и покрај тоа, нивниот дом бил исчистен, вечерата зготвена, а децата негувани и сакани.

Адел

Отпрво, се гордеев со себеси. Легнав 2 деца и една возрасна личност во кревет пред 19.30 часот. Додека тивко излегував од собата, започнав да си мислам како ќе ја поминам вечерта... Првата мисла ми беше дека ќе јадам Нутела од тегла додека гледам „Back to the Future“, но тогаш се свртив назад, ја погледнав мојата сопруга и моето мало девојче и тогаш ми светна... И двете се многу болни, навистина затнати и апсолутно истоштени по 3 ноќи без или со многу малку спиење и за двете. Се почувствував како кретен што си мислев како сега ќе си уживам во неколку часа само за мене додека таа ме става мене и нашето семејство пред нејзиното здравје и ниту еднаш се нема пожалено.

Ви се верува ли дека кога се прибрав дома имаше пресно зготвен специјалитет, чиста куќа и на некаков начин облеката беше извадена од машината, здиплена и средена! Како жена ми да има екстра 4 часа на ден кои ние, обичните смртници, ги немаме.

Како маж, мислам дека вистински не знам, ниту пак некогаш ќе знам, како изгледа истоштеноста на истиот начин како што знае една Мајка. Вечерва, додека ја смирував нашата ќерка и се обидував да ја заспијам, Адел рече дека малку ќе подлегне пред да ја исчисти кујната и да ми подготви ручек за утре. Нејзината последна мисла пред да заспие беше: „Морам да ја исчистам кујната и да му направам на сопругот ручек за утре“, а мојата последна мисла беше: „Јеее, закуска и ТВ“.

Па, наместо да го направам тоа, го напишав ова за да ви кажам дека зад сите тие блогерски постови, шеги, препораки, рецензии и подароци, постои вистинска личност и таа е неверојатна жена која ја обожавам. А сега, одам да ја исчистам кујната и потоа ќе разгледам низ дома за да видам што можам да направам за да ѝ го олеснам утрешниот ден.

Секој друг сопруг кој го чита ова, ве поттикнувам да го направите истото... Се обложувам дека вистинската мајка во вашето домаќинство е исто толку истоштена.

Адел
Tags
татко

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.