• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Никогаш не сум била посреќна“: Емотивен разговор на Цеце Николова со својата помлада верзија која носи перика поради алопеција

6 април 2026, 21:38
  • cподели

Цеце Николова сподели емотивно видео во кое разговара со помладата верзија од себе и ѝ кажува како ѝ се променил животот во изминатите 10 години.

Додека пред една деценија македонската водителка ја криела борбата со алопеција носејќи перика, сега гордо зборува за неа пред светот, инспирирајќи ги луѓето да се прифаќаат онакви какви што се.

Во видеото, таа ѝ раскажува на „скршената“ 18-годишна Цеце дека сега се сака онаква каква што е, дека гради успешна кариера и дека луѓето ја обожаваат.

На прашањето како решила да ја извади периката од главата и да се покаже пред светот во својата вистинска верзија, Цеце вели:

Едно сабајле станав и решив дека не можам повеќе да се кријам. Се изморив... 

А како ќе реагираш ти ако ти кажам дека постојано сум на јавни настани и сум мотиватор и зборувам за нашата борба. 

Го живееш сонот, работиш како водител и луѓето те обожаваат.

Никогаш не сум била посреќна – вели Николова и додава дека иако луѓето знаат честопати да гледаат во неа, тоа не го прават со лоши намери, туку со восхит.

Луѓето се љубопитни, ама ќе се навикнеш на погледите. Не се со сожалување, туку со восхит – вели таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

На Instagram Story, Цеце објави дека сака да ја подари периката на некоја обожавателка која се чувствува како што се чувствувала таа на 18 години и има потреба од неа.

Израсната без родители, во СОС детското село, инспиративната водителка која се соочува со алопеција, денес е симбол на истрајност, глас против предрасудите и поддржувач на младите кои го делат истото детство како неа.

Може сѐ 💕- стои во описот на видеото.

Tags
Цеце Николова

Најнови

  • „Никогаш не сум била посреќна“: Емотивен разговор на Цеце Николова со својата помлада верзија која носи перика поради алопеција

    Mon, 04/06/2026 - 21:38
  • По 15 години борба со неплодност, пожарникар посвои бебенце оставено во кутија за напуштени деца

    Mon, 04/06/2026 - 13:50
  • dm на Жеска трка

    dm го заокружи учеството на „Женска трка“ со донација од 150 пакети со менструални производи

    Mon, 04/06/2026 - 13:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.