• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ник Картер од Backstreet Boys со контратужба од 2,5 милиони долари за Мелиса Шуман која го обвини за силување

14 август 2024, 09:14
  • cподели

Ник Картер поднесе контратужба за Мелиса Шуман, која го обвини дека ја силувал во 2003 година.

44-годишниот пејач од Backstreet Boys ги отфрли обвинувањата на 39-годишната пејачка и сега ја тужи за клевета. Тој бара оштета од 2,5 милиони долари.

Ник Картер Ник Картер

Мелиса поднесе тужба за сексуален напад против Ник во април 2023 година. Според поднесените документи, тој ја поканил во неговиот апартман во Санта Моника по снимањето на нивниот заеднички трилер „The Hollow“ во 2003 година, ѝ дал седатив и ја силувал. Тој имал 22 години, а таа само 18.

Ник Картер Ник Картер

Ник инсистира дека нивниот сексуален однос бил со взаемна согласност и дека нејзините тврдења биле за таа да си ја оживее кариерата, да му наштети на неговата репутација и да ги попречи неговите бизнис можности и договори.

Ник Картер

„Додека бевме заедно, Мелиса никогаш не ми кажа дека нешто од она што го правевме не е со взаемна согласност“ - изјави тогаш тој.

Мелиса не е единствената девојка која го има обвинето Ник за силување. Во декември 2022 година, Шенон Рут, која има аутизам и церебрална парализа, јавно сподели дека во 2001 година, додека сè уште била малолетна, Ник ја силувал во автобусот за турнеја. Тој ги отфрли и овие обвинувања.

Шенон Рут Шенон Рут

Најнови

  • Атрактивни близначки: Убавите внуки на принцезата Дијана во креации од Зухаир Мурад на премиера во Лондон

    Thu, 04/23/2026 - 14:17
  • Спогодбено се разведе со бившиот, сега е во врска со 19 години помлад дечко: Маја Шупут пресреќна со „Господин совршен“

    Thu, 04/23/2026 - 12:51
  • Игор Стефановски – Иџе и Игор Божиновски

    Божиновски и Игор Стефановски – Иџе во заедничко партнерство: 30 години прецизност се среќаваат со 25 години брзина

    Thu, 04/23/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.