Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Жена со церебрална парализа и аутизам го обвини пејачот Ник Картер од Backstreet Boys за силување

Жена со церебрална парализа и аутизам го обвини пејачот Ник Картер од Backstreet Boys за силување

Уште една жена го обвини пејачот Ник Картер од Backstreet Boys за силување.

Шенон Рут, која има аутизам и страда од церебрална парализа, јавно сподели дека во 2001 година, додека сè уште била малолетна, Ник ја силувал во автобусот за турнеја. Тоа се случило по концертот на бендот во Вашингтон во февруари 2001 година откако тој ја видел како чека во редицата за автограм.

Шенон Рут Шенон Рут Шенон Рут Шенон Рут

42-годишниот пејач тогаш ја поканил Рут во автобусот и ѝ дал „ВИП џус“, кој таа верува дека бил микс од брусница и алкохол. Таа тврди дека прво тој ја принудил на орален секс во тоалетот, а потоа ја силувал. Како резултат на овој настан, таа страда од „болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување“, како и од ХПВ.

„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо не ме засегна повеќе и ништо не влијаеше на мене повеќе од она што ми го рече Ник Картер. Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме нарече р********на к**ка и ме грабна за раката, оставајќи ми модринки. Картер се обиде да ме исплаши да молчам... беше гаден и ми се закануваше. Ми рече дека ќе ги сврти луѓето против мене и бидејќи тој беше Ник Картер, имаше моќ да ми го уништи животот“ – рече таа низ солзи на прес-конференција.

Шенон Рут

Видео

Нејзиниот адвокат тврди дека во обвинението поднесено против пејачот се наведуваат уште три други жени со слични искуства, чии имиња засега не се споменуваат.

Извор близок до Ник рече дека ништо од ова не е точно.

„Ова обвинение категорично е лага. Ник е фокусиран на неговото семејство и тажи поради смртта на неговиот брат“ – рекол изворот за TMZ.

Шенон Рут

Ник не е за првпат обвинуван за силување и пренесување на ХПВ. Во 2017 година, пејачката Мелиса Шуман сподели дека тој ја силувал во 2003 година. Таа тврдеше дека Ник ја принудил на орален секс во бањата, а потоа ја силувал во спалната соба. И тогаш, Картер ги отфрли сите обвиненија и подоцна изјави:

„Додека бевме заедно, Мелиса никогаш не ми кажа дека нешто од она што го правевме не е со взаемна согласност“.

Шенон Рут Шенон Рут

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.