• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Неврокозметика – „Паметна козметика за новиот век“

16 декември 2016, 16:00
  • cподели

Иако клетките на кожата постојано се обновуваат, сепак со текот на годините, кожата постепено старее и ја губи еластичноста и свежината. Она што всушност „старее“ е функционалноста на системите одговорни за хомеостазата и здравиот изглед на кожата.

Најновите истражувања, како една од главните фактори во процесот на стареењето на кожата, ја посочија намалената комуникација помеѓу нервните завршетоци и фибробластите, односно клетките на кожата чија главна функција е да го оддржуваат структуралниот интегритет на кожата. Клиничките студии покажаа дека невро-старреењето, кое преставува дисбаланс помегу невромедијаторите и соодветните рецептори кај фибробластите, предизвикува и до 80% намалена способност за синтеза на колаген и еластин.

Неврокозметика Неврокозметика

Присуството и големата улога на невротрансмиторите во кожата можеби и не треба да е изненадувачка, ако се знае дека мозокот и кожата имаат заедничко ембрионално потекло. Како резултат на новите сознанија, фармацевтската и козметичка индустрија понудија низа иновативни и извонредно ефективни решенија т.н „неврокозметици“, со директно позитивно влијание на механизмите на стареење на кожата.

Неврокозметичките препарати се природни или специјално дизајнирани био-активни супстанци кои влијаат на невротрансмисијата, ја обновуваат здравата комуникацијата помеѓу клетките и ја штитат од последиците на невро токсичните продукти на стареењето . На тој начин значително се зголемува синтезата на колаген и еластин, забавен е процесот на стареење, брчките се видливо намалени и кожата ја враќа својата компактност, еластичност и младешки изглед.

Неврокозметика

Исто така,поради своите анти-инфламаторни својства, неврокозметиката е исклучително соодветна за нега на чувствителна кожа, со клинички докажано смирувачко дејство. Тоа е особено важно, ако се земе предвид дека според истражувањеата околу 2/3 од луѓето имаат чувствителна кожа, а голем број од нив појавуваат некој облик на иритација или реакција од традиционалните козметички препарати и третмани за подмладување.

Од неодамна, на пазарот во Македонија неврокозметиката премиерно е презентирана преку брендот TAIVA, кој во својата палета има дневни и ноќни креми „Cell 2 Cell Repair“ и „Neuro Cellular Soothing“, со неврокозметички биоактивни формулации што го спречуваат предвременото стареење, но дејствуваат смирувачки и не предизвикуваат иритации на кожата.

Козметиката на TAIVA во своите производи имплементира напредна технологија и иновативни формулации по американска лиценца. Кремите содржат внимателно одбрани состојки, кои лесно и брзо се впиваат и делуваат во длабоките слоеви на кожата. Тука припаѓаат дневните и ноќни креми за длабинска хидратација „Hydro Active Plus“, како и кремите „New Skin“ со корнео-терапевтска формула за моментална перфекција и матирање на кожата. Ниту еден од производите на TAIVA во својот состав не содржи парабени и силикони.

Припремил:
Прим. Др. Коста Цветковиќ – специјалист дерматовенеролог
Дерматолошко естетска ординација „Дерма плус“

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.