Невестинска убавина: Водителката Јана Серафимова се омажи во нежна венчаница од Антонија Ристовска
Јана Серафимова стапи во брак со нејзиниот сакан Горан Петровски.
Убавата Македонка го изговори судбоносното „ДА“ во нежна венчаница од дизајнерката Антонија Ристовска.
Спортската новинарка и нејзиниот сопруг објавија фотографии на социјалните мрежи.
„Среќа е кога најубавите моменти во животот ги делиш со фамилијата и вистинските пријатели! Фала ви наши драги луѓе што ни ја направивте најубавата журка вчера. Сите бевте прекрасни, срцето ни е полно, најбогати сме што ве имаме и најмногу ве сакаме!“ – напиша Јана.
Јана и Горан се верија пред една година.