Netflix ќе снима реално шоу инспирирано од „Squid Game“ со награда од 4,56 милиони долари
Netflix се инспирираше од најпопуларната серија за создавање на ново реално шоу.
Популарната платформа за стримување ќе снима шоу според „Squid Game“, а победникот во сите игри ќе добие награда од 4,56 милиони долари.
Учесниците ќе мора да бидат постари од 21 година, да зборуваат англиски и да бидат достапни за снимање во период во 4 недели во 2023 година.
„Squid Game: The Challenge“ ќе содржи 10 епизоди.
„Обожавателите на драма-сериите ги очекува фасцинантно и непредвидливо патување со нашите 456 учесници кои ќе се натпреваруваат низ најголемата компетитивна серија, полна со тензии и пресврти, со најголемата парична награда“ – пишуваат од Netflix.
„Squid Game“ беше прогласена за најпопуларна серија која некогаш била прикажана на Netflix.
Серијата и официјално ќе добие втора сезона, а пред неколку дена беше објавен краток тизер.